28 Април, 2024
0.0335

Македонски Телеком наградува двесте корисници со бесплатни летови за двајца

Објавено во: Мои пари 10 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Двесте среќни корисници на Македонски Телеком ќе добијат ваучери за двајца за патување со авион преку авио-операторот Wizz Air. Секој ваучер е со вредност од по 100 евра

Право на учество во наградната игра имаат сите корисници на Smart или Business постпејд понудата, која промотивно вклучува 500 МВ интернет и 500 минути роаминг

Во рамки на наградната игра, која започнува денеска, 10 јули, и ќе трае цели два месеца, односно, до 10 септември, компанијата на среќни двесте нови или постојни корисници на тарифните модели Smart, Magenta 1, Business и  Magenta 1 Business ќе им додели по два ваучера за патување со авион на дестинација по избор од понудата на Wizz Air. Секој ваучер е во вредност од 100 евра.

Конкретно, потенцијални добитници на два ваучера стануваат корисниците кои ќе склучат нов претплатнички договор или ќе го обноват договорот за лојалност за тарифните модели Smart, Magenta 1, Business и  Magenta 1 Business во периодот од 10.07.2017 година до 10.09.2017 година. Постојните корисници на овие тарифни модели кои веќе имаат валиден договор можат да се вклучат во играта со едноставно јавување на телефонскиот број 149 888.

Првото извлекување на добитниците ќе се одржи на 11 август, во седиштето на Македонски Телеком, а второто на 12 септември, на истото место, при што секој добитник ќе освои по два вредносни ваучери.

Инаку, новите корисници на Smart, Magenta 1, Business и  Magenta 1 Business со најновата роаминг промоција која ќе трае до 21 септември, добиваат 500 MB интернет и 500 минути разговори вклучени во роаминг, без дополнителен надомест.

Македонски Телеком им посакува многу среќа на сите корисници кои ќе си ја испробаат среќата, а на добитниците пријатен лет!

Сите детали за наградната игра на www.telekom.mk.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг