11 Мај, 2024
0.0273

Македонски Телеком воведува нова генерација дигитална телевизија: MagentaTV

Објавено во: Економија 20 Март, 2024

Добивај вести на Viber

  • Модерен интерфејс, напредни ТВ опции, слика и звук со висок квалитет

  • Секогаш, секаде и на сите екрани: ТВ, смартфон, таблет или лаптоп

  • Со MagentaTV секој телевизор станува паметен

Македонски Телеком воведува нова генерација дигитална телевизија – MagentaTV, иновативна ТВ платформа којашто нуди едно сосема ново, модерно ТВ доживување во согласност со современите навики и интереси на корисниците.  Новата телевизија е достапна секогаш и секаде и на сите екрани, со слика и звук со висок квалитет, модерен интерактивен интерфејс, пристап до апликации од Google Play Store, ТВ-тека, видеотека, видео клуб, снимање, паузирање, премотување и многу други напредни опции.

„MagentaTV не е само ново име, туку еволуција во телевизијата, којашто е одговор на новото дигитално време и на новите интереси на корисниците. Ние ја почнавме приказната за интерактивна телевизија уште во 2008 година и постојано воведувавме нови функционалности, со кои низ годините ја редефиниравме класичната телевизија. Но MagentaTV е многу повеќе од нова функционалност; тоа е една сосема нова приказна, каде на едно место имате пристап до голем број апликации, а омилените содржини можете да ги гледате каде сакате, кога сакате и на кој уред сакате.“ – истакна Емилија Андоновска, Главен директор за приватни корисници.


Секој телевизор станува паметен

MagentaTV e најмодерно технолошко решение базирано на cloud, со нов уред (MagentaTV Box) и Bluetooth далечински управувач со говорни команди. Со MagentaTV секој телевизор станува паметен преку огромен број апликации достапни на Google Play Store, но и преку однапред инсталирани  апликации  како: YouTube, HBO Max, GLEY. Дополнително, постои можност за гласовно пребарување низ содржините со помош на Google Assistant. На овој начин сите ТВ содржини и стриминг сервиси се на едно место, достапни преку модерен интерфејс.

Секогаш секаде и на сите екрани

Омилените содржини може да се следат каде и да сте: на компјутер и лаптоп или на смартфон и таблет во движење, преку апликацијата MagentaTV Go. Дополнително, можете да почнете да гледате на еден уред, потоа да паузирате и да продолжите истата содржина да ја гледате на друг уред. На овој начин омилените ТВ содржини не се резервирани само за дневната соба, туку можете да ги следите каде и кога ви одговара.


Одржливо решение за заштита на животната средина

MagentaTV Box е изработен од рециклирана и био-разградлива пластика со пакување од разградливи природни материјали што придонесува за заштита на животната средина. Тој ја носи ознаката Green Magenta, којашто се користи во Групацијата Дојче Телеком за продукти и иницијативи коишто носат позитивна промена за намалување на климатските промени и одговорно користење на ресурсите.

MagentaTV е дел од новото Magenta 1 портфолио во коешто ќе бидат вклучени и неограничен 5G мобилен интернет, роаминг интернет, зголемени оптички брзини и многу други новитети.

Повеќе информации на https://www.telekom.mk/magentatv.nspx

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили