29 Април, 2024
0.0330

Македонските готвачи доминираа на гастрономскиот натпревар во Србија

Објавено во: Мои пари 15 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Најдобар гулаш зготви тимот на Македонската Асоцијација на Готвачи и Шефови на кујни – ГастроМак, со што се закити со златен медал во екипно натпреварување и со пехар за најуспешните во 2017 година, на традиционалната Гулашијада, одржана во Јасеново, соседна Србија.

ГастроМак, предводен од претседателскиот тим - Адријана Алачки, шеф Љупчо Гиевски и гастрономските WACS (Светската Асоцијација на шефови на кујни) судии Бесим Латифи и Јетон Таравари, со својот натпреварувачки тим – шефовите Велимир Илиевски, Игор Атанасовски, Миле Неделковски и капитенот Бобан Билбиловски, беа дел од годинешната, трета по ред, манифестација Гулашијада, во Јасеново, Србија која се одржа изминатиот викенд. На манифестацијата, на која присуствуваа еминентни гастрономски натпреварувачки и судиски имиња, беше зготвен и најголемиот казан со гулаш, кој што беше поделен за сите посетители.  Натпреварот беше од хуманитарен карактер.

“На наше огромно задоволство, подготвениот гулаш од тимот на ГастроМак, имаа можност да го вкусат еминентните гости на натпреварувањето. Оценките што ги добивме и од судиите и од гостите, нè  мотивираат, но и нè обврзуваат и понатаму достојно и успешно да ја претставуваме Асоцијацијата и традиционалните вредности на македонската кујна, секаде каде што настапуваме”, вели шеф Билбиловски.

На Гулашијадата имаше натправарувачки тимови и судии од Србија, од Македонија, од Босна и Херцеговина, од Романија и од Италија, а главен организатор на оваа традиционална манифестација е Мастер шефот од Швајцарија, Јовица Ѓурџевиќ - Јоле.

Македонскиот тим ја искористи оваа можност и да ги покани сите тимови од земјите учеснички на Гулашијадата да бидат дел од Вториот интернационален гастрономски натпревар – ГастроМак Македонија 2017, што ќе се одржи од 24 до 28 октомври, во хотелот Вила Парк, во Струмица, на кој, според најавите ќе учествуваат над 300 судии, натпреварувачи и гости ширум светот.

ГастроМак е национална асоцијација на готвачи и шефови на кујни во Македонија. Како национално здружение, ГастроМак ексклузивно ја претставува нашата држава како единствен претставник на Македонија во WACS, во која што членуваат национални асоцијации од над 150 земји од светот.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг