29 Април, 2024
0.0282

Македонските кроасани 4U едни од најслатките на голем саем во Германија

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Македонската компанија „Жито пром“ годината ја почна со учество на еден од најголемите саеми за слатки во светот ISM кој се одржа во Келн, Германија, а главниот производ со кој се претставија беа кроасаните 4U. Тие може да се најдат во сите поголеми маркети во земјава, но се продаваат и во Грција, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Италија, Холандија, Норвешка, Катари Бугарија.

- Една од нашите цели, остварувањето на нови контакти на саемот успешно ја спроведовме. Ни пријдоа заинтересирани, потенцијални партнери од речиси секој дел од светот, поточно од околу 50 земји. Се вративме со неколку потврдени соработки и со уште повеќе во најава. Очекуваме дел од овие контакти да преминат во успешни соработки – велат од „Жито пром“.

На манифестацијата која траеше четири дена штандови имаа 1650 изложувачи од целиот свет, а ја посетија повеќе од 38.000 професионалци од оваа сфера меѓу кои и производители, дистрибутери, претставници и сопственици на ланци на маркети од различни земји итн.

- Го нарекуваат најслаткиот саем на светот и земајќи го во предвид бројот на компании кои учествуваат може да се каже дека името е комплетно заслужено. Предизвик е да се истакнеш во морето на понуди, но кога имаш добар производ како што се кроасаните 4U и креативност тогаш секогаш може да се постигне посакуваниот резултат – објаснува менаџерскиот тим на компанијата „Жито пром“ од Гевгелија.

Иако претставувањето на саемот во Келн е одличен почеток на промотивните активности за годинава, компанијата планира уште многу новитети во 2018.

- Ќе биде напорна година со големи промени и крупни чекори. Очекуваме отворање на нови пазари и пласман на производи во нови земји со кои дојдовме во допир преку саемот. Втората фабрика за производство на кроасани е завршена и веќе се тестираат новите линии, се засилува тимот што стои зад целата приказнаи напорно се работи сето ова да се доведе до регуларно функционирање. Има идеи и за нова линија на производи и вкусови на кроасани – посочуваат од компанијата.

Кроасаните 4U засега се произведуваат со вкус на какао, јагода, ванила и кајсија и со мешаните вкусови на какао и ванила и вишна и ванила. Сите вкусови ги има во единечна варијанта, како и во фамилијарно пакување.

Можеби ќе ве интересира

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка