29 Април, 2024
0.0264

Поддршка од Претседателот на МОК за Македонската Делегација со порака и поздрав за континуирана меѓусебна комуникација и дружење

Македонските учесници во проектот ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО на средба со Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет

Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Македонските учесници во проектот “Фудбал за Пријателство“, Младите Амбасадори Стефан Талевски, млад фудбалер од подмладокот на ФК „Пелистер“ од Битола и Симона Костадинова, ученик од Скопје и Националниот Амбасадор на проектот, проф. д-р. Наташа Мешковска, во просториите на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) остварија средба со д-р Васил Тупурковски, Претседател на МОК и г-динВладимир Богоевски, Спортски Директор на МОК

На средбата Македонските учесници го претставија проектот и неговите цели и разговараа за неговите вредности – пријателство, мир и еднаквост, како и поттикнување на негување на истите помеѓуграѓаните на Македонија.Младите Амбасадори на присутните им подарија сино-зелена Алка на Пријателството – официјален симбол на проектот и неговите клучни вредности.

Голема чест и задоволство ми претставува можноста да ја продолжам личната спортска кариера како Амбасадор на проектот Фудбал за Пријателство. Верувам дека заедно со другите претставнициод Македонија, пред сѐ младите Стефан и Симона, ќе ги промовираме вредностите и значењето на овој голем интернационален проект. Истовремено, очекувам дека ќе наидеме на поддршка од целокупната македонска јавност и заедно ќе продолжиме да ги негуваме вредностите на проектот.“– изјавипроф. д-р. Наташа Мешковска, Амбасадор на проектот „Фудбал за Пријателство“ за Македонија.


„Како прв директен учесник од Република Македонија во проектот Фудбал за пријателство чувствувам голема одговорност при ширењето на неговите клучни вредности помеѓу моите врсници. Се надевам дека со реализација на еден ваков проект ќе ги мотивираме и поттикнеме сите луѓе да ги шират и секојдневно да ги применуваат вредностите - одлика на проектот.“ – изјави Стефан Талевски, Млад фудбалер од подмладокот на ФК „Пелистер“ Битола.

„Како Претседател на Македонски Олимписки Комитет иповеќедецениски протагонист на случувањата во спортот, воопшто, со огромно задоволство давам лична поддршка на проектот Фудбал за Пријателство. Од тоа што го разговарав со Македонските Учесници можам да заклучам дека ваквиот пристап со сигурност ќе допринесе за развој на спортскиот дух и спортската култура. Дополнително, за времињата во кои живееме вакви високоморални процеси се неопходни за одржување и развој на меѓучовечката толеранција. Затоа, ги поттикнувам Стефан и Симона да продолжат и по завршувањето на проектот интензивно да комуницираат со сите стекнати другари и пријатели – затоа што денес е тоа лесно и едноставно. Ја користам оваа можност на Македонската Делегација да и пожелам пријатно и успешно патување во знакот на спортскиот дух.“ – изјави д-р Васил Тупурковски, Претседател на МОК.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг