02 Мај, 2024
0.0289

Мал Шенген: Заев и Брнабиќ договараа соработка на трите земји

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Заедничка заложба за континуитет во градењето на добрососедските односи и нивно натамошно унапредување како придонес за стабилноста, безбедноста и просперитетот на Регионот, беше централна тема на средбата на претседателите на владите на Република Северна Македонија и на Република Србија Зоран Заев и Ана Брнабиќ, што денеска се одржа во Нови Сад, на маргините на Регионалниот форум за млади.

Во насока на остварување на овие заложби од особено значење се интензивните средби на претседателско и на премиерско ниво што се одржуваат во последните три-четири месеци во Северна Македонија и во Србија, како и средбите на регионалните форуми.

„На средбата меѓу премиерите Заев и Брнабиќ стана збор и за акцискиот план за имплементација на декларацијата за унапредување на регионалната соработка која што иницијативата на Северна Македонија, Србија и Албанија, се донесе во Охрид, во проширен формат за да се засили спроведувањето на конкретните мерки за 4-те слободи, односно слободниот проток на луѓе, стоки, услуги и капитал, што е во согласност со повеќегодишниот Акциски план усвоен на Самитот за ЗБ во рамките на Берлинскиот процес и документите на ЕК, и што треба да помогне кон забрзувањето на интеграцијата на Регионот и полноправното членство во ЕУ“, се вели во владиното соопштение по средбат.

Инфраструктурното поврзување како дел од регионалната соработка добива се по нагласена димензија, и во таа насока, на средбата во Нови Сад премиерите Заев и Брнабиќ се согласија дека е потребно двете земји да ја интензивираат комуникацијата за идентификација на заедничките интереси и заеднички настап, заради добивање поддршка за реализација на транспортни, инфраструктурни и енергетски проекти и иницијативи од обостран интерес, со регионален предзнак.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?