02 Мај, 2024
0.0272

Маљас: Најуспешниот дипломат на ПЈРМ, ја посети Атина за да не убеди дека во Скопје сега дува нов ветар

Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, најуспешниот дипломат на ПЈРМ, ја посети Атина за да нѐ убеди дека во Скопје сега дува нов ветар, пишува во коментар за „Катимерини“, Александрос Маљас. 

Tој беше прв амбасадор на Грција во Скопје од 1995 до 1999 година, и амбасадор во Вашингтон од 2005 до 2009 година.

Маљас пишува дека Димитров беше македонски амбасадор во Вашингтон. Тој наведува дека бил иницијатор администрацијата на Буш да го признае уставното име на нашата земја и со знаење и соработка ја доведе својата земја до дипломатска победа против Грција пред Меѓународниот суд во Хаг.

Грчкиот дипломат пишува дека признавањето на уставното име од страна на САД доведе до драстична промена и ги отежна условите за преговарање на Грција, додека одлуката од Судот во Хаг ја поткопала довербата на Грците во институциите.

„Едногласната одлука од самитот на НАТО во Букурешт во април 2008 година вели дека 'претходно решавање на името' е предуслов за покана за членство. Одлуката од Букурешт имаше цена. Не беше безболна. Како и сите важни и тешки одлуки кои се регистрирани во историјата. Се разбира, и ние направивме грешки“, пишува Маљас и се сеќава на реакциите на Кондолиза Рајс на позициите на Дора Бакојани. Тој додава дека таа напишала нешто во својата книга, но ја изоставила суштината. „Предупредувањата“ од саботата на 31 март 2008 година во „повикот од Љубљана“. Американската страна тврдеше дека грчката министерка го кренала тонот на гласот кон Рајс.

Како што потсетува дописникот на МИА од Атина, на 31 март 2008 година Кондолиза Рајс имаше телефонски разговор со Бакојани во кој Американката ја повтори неопходноста Македонија да влезе во НАТО.

Маљас понатаму продолжува дека лидерот на ПАСОК Јоргос Папандреу правилно го окарактеризирал тоа што се случи во Букурешт како одбранбена операција.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот