Maлолетници објавија видео на Тик Ток во кое вандализираат гробишта
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2021
На Тик Ток се појавија нови видеа во кои две лица вандализираат надгробни плочи и крстови на гробишта.
Едно од двете лица во видеото бара лајкови за да си направи надгробна плоча за самиот себе. Полициски службеници од ОВР Ресен денеска идентификуваа и извршија службен разговор со тројца малолетници од Ресен (двајца на 16-годишна возраст и еден- 14 години) во врска со објавениот видео материјал на социјалната мрежа Тик Ток на кое се сквернават гробови во овој град. Со малолетниците, во присуство на родител, е извршен службен разговор, а по документирање на случајот, во координација со надлежен обвинител ќе бидат поденесени соодветни поднесоци.