Масовен балкански криминал - Бугарија заплени 3,6 милијарди во биткоини
Објавено во: Балкан 12 Декември, 2017
Бугарските истражни органи запленија неверојатни 213,519 биткоини со сегашна вредност проценета на 3,6 милијарди долари што е доволно за отплата на една петтина од државниот долг кој изнесува 16,5 милијарди долари. Заплената на биткоините доаѓа по голема акција за сузбивање на криминал во царинските служби при што се приведени над дваесет лица, од кои петмина се царински службеници.
Криминалната група се претпоставува дека свои членови имала и во Македонија, Србија, Грција и Романија. Тие оперирале на тој начин што регрутирале царински службеници да вметнат вирус во компјутерските системи на царинските управи со цел да манипулираат со пристигната стока и да избегнат плаќање на царина со што „робата“ можела слободно да помине преку границите.
Средствата кои нелегално ги заработувале ги вложувале во биткоини за да потешко им се влезе во трага. Се очекува одговор и од македонските истражни органи за инволвираноста во овој масовен криминален потфат.