28 Април, 2024
0.0285

Медицински апарати за две институции - донација од Жито Лукс

Објавено во: Мои пари 15 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Водени од компаниската филозофија за општествена одговорност и помош на заедницата, Жито Лукс во континуитет спроведува донаторски кампањи. Минатата година компанијата одбележа 70 години постоење, а средствата кои беа планирани за одбележување на јубилејот реши да ги пренамени во донација, односно во набавка на медицинска опрема за две институции каде се лекуваат деца. Нашиот најголем производител на леб и брашно во земјава, за Клиниката за детски болести донираше автономени спирометри, Pony FX со дисплеј и термален печатар, како и 10 ултрасонични инхалатори Хиконеб, согласно потребите на Универзитетската клиника за детски болести.

Според директорката на Клиниката за детски болести, д-р Катерина Ставриќ се поголем број деца пројавуваат различни респираторни проблеми, кои се особено изразени во зимските месеци кога воздухот е позагаден и кога има магла.

Клиниката за детски болести има постојана потреба од помош што доаѓа од компании, како оваа од Жито Лукс, донација со големо значење за нас, затоа што, како што и самите сме свесни во последниве години зачестеноста на респираторните заболувања ги надминува нашите капацитети, и човечки а уште повеќе технички и тоа ја зголемува вредноста на оваа донација. Донираната опрема ќе овозможи навремена детекција на ваквите проблеми кај децата и ќе помогне за брз, навремен и ефективен медицински третман“, изјави д-р Катерина Ставриќ.

Тоа што сме компанија со седумдесетгодишна традиција, активно работиме имајќи ја општествената одговорност како еден од столбовите на нашата корпоративна култура ни дава за задача да се грижиме и да ја подобруваме во секој аспект. Областите во кои може да помогнеме и инвестираме во духот на нашата заложба за подобрување на заедницата се многубројни. Овој пат, заради зголемената појава на респираторни инфекции, од кои очигледно најмногу страдаат најмладите, беше одлучувачко да помогнеме со обезбедување на медицинската опрема што недостига на Клиниката за детски болести во Скопје, а нејзината примена е токму за превенирање и лечење на зачестените респираторни инфекции“, изјави Маја Муратовска-Чанговска, Сениор продукт менаџер од Жито Лукс.


Претходно оваа година и Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле доби вредна донација од компанијата Жито Лукс. Апаратот за рано откривање туберкулоза е веќе доставен и ќе помогне за рана детекција на патогени и туберкулозни бактерии. Донираниот апарат значително ќе ја подобри брзината и прецизноста на специфичната дијагностика кај пациентите на оваа установа.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг