03 Мај, 2024
0.0269

Медицински лица од други градови го засилуваат персоналот на Инфективна клиника и ГОБ „8 Септември“

Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Медицински лица од градови каде што нема интензивна борба со корона-вирусот на две недели ќе помогнат во Скопје така што ќе го засилат персоналот на Инфективната клиника во комплексот „Мајка Тереза“, како и во ГОБ „8 Септември“.

Здравствени работници од Кочани, Велес, Кавадарци и Кичево пристигнуваат во Инфективната болница со привремена прераспределба на новите работни места од само две недели.

Оваа мерка се реализира по барање од Министерството за здравство, поради недостатокот од медицински кадар на Клиниката.Ќе им помагаат на своите колеги во лекувањето на пациентите заболени од Ковид-19 кои се хоспитализирани во Скопје.

- Постапуваме според претходно утврдени упатства од Министерството за здравство и овој одлив на кадар нема да влијае на нормалното функционирање на нашата болница. Располагаме со доволен лекарски и друг медицински персонал, поради што позитивно одговоривме на барањето на ресорното Министерство, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница со проширена дејност во Кочани..

И здравствен тим од двајца доктори и четири медицински сестри од Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација во Отешево, Преспа, денес пристигна во Скопје да помогне во работата на Ковид-центарот.

Нивната привремена работа овдека исто така ќе трае две недели со престој во Скопје со хотелско сместување обезбедено од Министерството за здравство. Како што расте бројот на болни, КОВИД Центарот во „8 Септември“ има потреба од медицински кадар, на што се одзваа лекарски тимови од внатрешноста на земјата.




Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?