02 Мај, 2024
0.0253

МЕДИУМИ ОД РЕГИОНОТ: Вријат страстите во Грција, „Малата соседна Република не смее да го узурпира светото име Македонија“

Објавено во: Балкан 20 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Новите преговори помеѓу Атина и Скопје за името на Македонија ги разгореа страстите во Грција, предизвикувајќи демонстрации, предупредувања на Црквата и неодобрување на поголем дел од населението, што би можело да го намали владиниот маневарски простор.

Противниците на компромисот најавија за недела демонстрации во Солун, на повик на мнозинство националистички организации.

Собирот ќе го следат политички претставници, „кои се многу внимателни“ кога се работи за расположението на избирачкото тело, истакнува Никос Маранцидис, професор на Отсекот за балкански студии на Солунскиот универзитет, пренесуваат медиумите од регионот.

Целта е да се спречи малата соседна република, настаната со распадот на поранешна Југославија, „да го узурпира светото име Македонија“.

Тоа барање не се промени од почетокот на 1990-тите, кога целата земја се крена на нозе барајќи ексклузивно право на името Македонија и наследство на Александар Велики, пишува јутарњи весник, дополнувајќи дека новата држава така е примена во ОН под привремено име ПЈРМ. Сеприсутниот слоган „Македонија е грчка“ собра во 1992 година во Солун, во контекст на јакнење на национализмот на Балканот, повеќе од милион демонстранти односно секој десети Грк.

Две години подоцна, неколку стотина илјади луѓе повторно на улиците го бранеа овој став, втемелен на убедувањето дека Македонија е интегрален дел од грчката историја и на сеќавањата на балканските војни при поделба на остатокот од Османското царство.

Тогаш грозница ги тресеа сите институции, донесувачи на одлуки, православни свештеници, синдикати, правосудство...

Овој пат ставот не е толку јасен: влијателната Грчна Православна Црква, која се смета за чувар на националниот идентитет, повторно минатата недела говореше за „грчка“ Македонија, но не ги поддржува демонстрациите.

Можеби ќе ве интересира

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат