11 Мај, 2024
0.0265

Медиумите го сакаат но се плашат од Facebook

Објавено во: Стил 14 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Долго дискутираниот план на Facebook директно да објавува статии од медиумски организации стартува, со што ќе завршат месечните преговори помеѓу интернет гигантите и издавачите, кои копнеат за огромната публика, но се плашат и од се 'поголемата сила, на социјалната мрежа.

Девет медиумски компании, вклучувајќи ги NBC News и The New York Times, се согласиле на договорот и покрај стравувањата дека нивното учество евентуално може да го поткопа сопствениот бизнис.

Проектот ќе започне со неколку статии, но се очекува да се прошири брзо. Корисниците на iPhone ќе гледаат сјајни видео снимки и фотографии со прикачени картички со координати. Најважно за желните корисници на паметни телефони е дека т.н.. "Instant articles" ќе се полнат до 10 пати побрзо, бидејќи читателите ќе остануваат на Facebook наместо да се пренасочуваат кон други сајтови, тврди социјалната мрежа.

Facebook вложи многу напор за да ги привлече издавачите да се вклучат во проектот. Издавачите можат или да го продадат просторот и да објавуваат реклами во статиите, имајќи ги сите приходи, или да дозволат на социјалната мрежа да им продава реклами, а во овој случај Facebook ќе добива 30% од приходите. Социјалната мрежа им овозможува на медиумските компании да собираат податоци за корисниците кои ги читаат статиите, со истите алатки со кои се следат посетителите на нивните веб-сајтови.

Facebook, кој има повеќе од 1,4 милијарди активни корисникот во целиот свет, привлекува внимание на корисниците на мобилни уреди - и доведува до повеќе посети на информативните сајтови, повеќе отколку која и да е друга услуга.

"Издавачите немаат голем избор освен да соработуваат со Facebook", вели Вивиен Шилер, поранешен извршен директор на NBC, The New York Times и Twitter, која сега консултира медиумски компании и брендови. "Публиката е таму и е премногу голема, за да се занемари", вели Шилер.

Но улогата на Facebook како моќен дистрибутер на вести прави многу луѓе во индустријата да се чувствуваат непријатно. Тие се плашат дека мрежата може да стане многу повеќе читана од нивните сајтови и да им ги превземе читателите и огласувачите.

Џејмс Бенет, главен уредник на The Atlantic, еден од првите издавачи во проектот, вели дека објавувањето на статии преку опцијата "instant articles" значи да се "изгуби контрола над средствата за дистрибуција". Од друга страна, вели тој, "се обидуваме да стигнеме со приказните до што е можно повеќе луѓе, а во исто време да создадеме јадро од лојална и ентузијастичка публика".

Facebook многу пати го менува алгоритмот кој одредува што гледаат во фидот корисниците. Zynga, компанијата за мобилни игри, изгради бизнис, користејќи го Facebook, но изгуби сообраќај, кога компанијата ги промени правилата за да ги направи играчките активност на корисниците помалку видливи за пријателите.

Минатата година Facebook одлучи да ја намали видливоста на вирусна содржина, како што се видео клипови со мачки, и да промовира содржина со "висок квалитет". Пред месец компанијата повторно го промени правецот за да ги потенцира личните мислења на пријателите и семејствата на корисниците.

Крис Кокс, главниот произвдствен директор на Facebook, нема намера да се извинува за промените во правилата. Во своето интервју тој изјави дека мисијата на Facebook е да им го даде на своите корисници она што најмногу го сакаат. "На прво место сакаме да им помогнеме на луѓето да се поврзат со пријателите и семејствата", вели Кокс. "На второ место е да им помогнеме на луѓето да бидат информирани за светот околу нив".

"The Atlantic се вклучува во договорот со широко отворени очи", вели Бенет, алудирајќи на можноста Facebook да биде во позиција да наметнува понеповолни услови, ако влијанието на издавачите порасне.

Првично пет американски организации ќе учествуваат во проектот: BuzzFeed, National Geographic, The Atlantic, NBC News и The NY Times. Четири европски медиуми исто така се приклучуваат: The Guardian, BBC News, Bild и Spiegel Online. Со времето Facebook очекува уште издавачи да се вклучат во проектот, кој не треба да ја користи само верзијата за iPhone.

Според Марк Томпсон, главниот извршен директор на The New York Times Company, сообраќајот, генерирани од Facebook кон The NY Times, е меѓу 14 и 16% од целиот веб сообраќај.

"Ова е шанса да се прошири и да се разбере дали Facebook не може да одигра уште поголема улога", вели Томпсон. На крајот на краиштата компанијата смета дека ова е експеримент кој го заслужува ризикот, додава тој. Статиите на Facebook првично нема да се вклучуваат во 10-те слободни материјалот на месец кои нерегистрираните корисници на медиумот имаат право да ги прочитаат.

Facebook им нуди на издавачите нови инструменти, со кои треба да ја претстават својата работа, вклучувајќи интерактивни мапи и можност за објавување на фотографии со висока резолуција, кои корисниците можат да ги зголемуваат и да се видат од различни агли.

"Во никој случај не целиме Facebook да го замени весникот или радио преносот како најблиски, или пак телевизијата", вели Кокс. "Ние можеме да бидеме само прилог".

Џони Пере, извршен директор на BuzzFeed, вели дека новиот вид статии го засилува сегашниот пристап од едноставно објавување на линкови. "Изгледот и чувството потсетуваат многу повеќе на мобилна апликација", вели Пере. "Мислам дека нашата содржина ќе стане уште по релевантна кога ќе почне да се полни побрзо".

Деклан Мур, главен медиумски директор на National Geographic Society, вели дека атрактивноста на формата "instant articles" доаѓа од брзината со која дури и на најсложените видеа и интерактивни мапи се вчитуваат, штом корисникот ги избира. "Најважно во мобилниот простор е да бидеш брз", додава тој.

National Geographic, кој добива 25% од сообраќајот преку Facebook, е еден од најпопуларните медиумски извори во социјалната мрежа со околу 35 милиони фанови. Компанијата има намера да го користи Facebook како начин да се охрабрат повеќе луѓе да се претплатат за членство, вели Мур. И навистина, во нивната прва статија во новиот формат ќе има две реклами, кои ќе нудат претплата на читателите.

Издавачите планираат да објават во новиот формат не повеќе од неколку статии неделно, барем на почетокот.

К.К.