28 Април, 2024
0.0298

Mеѓународната конференција „Жени во индустријата“ – Здружени лидери за унапредување на родовата еднаквост

Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Mеѓународната конференција „Жени во индустријата“ (Women in industry)ќе се одржи на 9. и 10. Октомври 2019, во хотелот Doubletree by Hilton. Дводневната конференција се одржува под мотото „Здружени лидери за унапредување на родовата еднаквост“ и ќе вклучи учесници од различен профил, меѓу кои извршни директори, сопственици, претседатели, менаџери и жени вработени во сите организациски нивоа на домашни и меѓународни компании, како и студенти и активисти.

Образование, регрутирање и вработување, развој на кариера, ангажирање и задржување на вработените се само некои од темите на кои ќе дискутираат водечки експерти во различни области од Северна Македонија, Австрија, Италија, Холандија и Шведска.

Меѓународната конференција „Жени во индустријата“ (Women in industry) е во организација на „Асоцијацијата на здруженија на инженери и на ЕВН Македонија АД.

Конференцијата ќе ја отвори претседателот на Владата Зоран Заев.

„Горди сме што веќе трета година по ред ја организираме оваа меѓународна конференција чија главна цел е промовирање на родовата еднаквост и зајакнување на улогата на жената во општеството. Годинава вклучуваме и повеќе индустрии во кои доминира машкиот пол, а во фокусот е вмрежувањето и запознавањето со светските трендови, по примерот на водечките компании и експертите од различни области. Со „Асоцијацијата на здруженија на инженери“ како наш стратешки партнер и останатите поддржувачи на настанот, продолжуваме да ги поттикнуваме сите засегнати страни проактивно да земат учество во охрабрувањето и зајакнувањето на позицијата на жената во општеството, особено во бизнис секторот“, истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Women in industry е меѓународна конференција со економски императив за создавање родово инклузивен и одржлив раст, фокус на презентирање програми и иницијативи кои го забрзуваат вклучувањето на жените во работната сила, идентификување на алатки кои ќе го олеснат пристапот на жените до разните кариерни можности, како и обезбедување средина во која жените професионалци и студентите имаат можност да преземат конкретни чекори кон унапредување на кариерата преку вмрежување и проширување на можностите за образование.

Заинтересираните кои сакаат да бидат дел од оваа конференција може да се регистрираат на https://womeninindustry.mk/registration/.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг