10 Мај, 2024
0.0282

Менувањето имиња на улици ќе биде трошок за компаниите, вака ли се подобрува бизнис климата, прашува Гацов

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Град Скопје предложи нова листа со називи на улици, мостови, плоштади со кои ќе биде дополнет регистарот. Дел од новите имиња се впрочем старонови односно ќе ги заменат постојните кои беа изгласнаи за време на претходната власт. Доколку се промени името на улицата на која живеат граѓаните нема да треба веднаш да ги менуваат личните карти туку тогаш кога ќе им истече важноста. Сепак за фирмите ова не е случај. Павле Гацов претседател на Здржението на даночници и консултант  вели дека менувањето на називите на улиците ќе биде директен трошок за компаниите и ќе влијае на нивната профитабилност, која е лоша во периодот.

„За разлика од граѓаните кои личните карти би менувале со истекот на важењето, компаниите заради запазување на ажурноста како законска обврска уредена со Законот за даночната постапка, Законот за едношалтерскиот систем и Законот за регистрирање на готовинските плаќања ќе мора да:

- ги променат податоците во Централниот регистар (да платат за тоа),

- ги уредат записите во софтверите за издавање на фискални сметки (да платат за тоа),

- ја известат УЈП преку РДО за ваквите промени (бесплатно),

- усогласат документација, интерни софтвери, интернет страници (да трошат ресурси и време), напиша Гацов. 

Додава дека уште сега, доаѓаат најави ако дојде друг градоначалник дека пак ќе ги врати старите називи на улиците.
На овие улици со старо-ново-стари називи се регистрирани и фирми кои ги поседуваат странци. Зарем само странци, а нашите? Нашите се отрпнати. Некој да не сакаше да зборува за подобрување на бизнис климата и за привлекување на странски инвестиции (надвор од ТИРЗ-овите), за стартапи!? вели Гацов.


Можеби ќе ве интересира

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска