10 Мај, 2024
0.0256

МЕПСО ќе гради нов далекувод од Штип до Пробиштип

Објавено во: Економија 28 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Со овој проект МЕПСО започнува процес на реконструкција на шест 110 киловолтни далекуводи, инвестициски циклус вреден над 21 милион евра

МЕПСО ќе инвестира 2,45 милиони евра во изградба на нов 110 киловолтен далекувод што ќе ги поврзува Штип и Пробиштип. По тој повод денеска Сашо Василевски, генерален директор на МЕПСО и Ерион Муши, претставник на конзорциумот изведувачи „Пинг гао груп“ од Кина и „Ндрекај“ од Албанија го потпишаа договорот за изградба на новиот далекувод.


Далекувод што ќе ги поврзе трансформаторските станици „Штип“ и „Пробиштип“ ќе биде долг 27,2 километри и ќе биде поставен на 111 челично-решеткасти столбови. Овој линиски енергетски објект ќе се гради на истата траса на која сега поминува 110kV далекувод што ги поврзува двете трансформаторски станици и е во функција  45 години, од 1972 година. Изградбата на новиот далекувод ќе трае 12 месеци. Овој проект значајно ќе ја зголеми доверливоста и капацитетот на преносната мрежа во источниот регион, а особено е значајно подобрувањето на условите за снабдување со квалитетна електрична енергија за Пробиштип, Злетово, Кратово и Крива паланка. 

Изградбата на нов далекувод меѓу Штип и Пробиштип е дел од проектот за ревитализација на преносната мрежа што опфаќа изградба на вкупно шест далекуводи од мрежата на МЕПСО. Со овој процес се опфатени и следниве 110 киловолтни далекуводи помеѓу трансформаторските станици: Битола 1 – Прилеп 1, Скопје 1 – Миладиновци, Скопје 4 – Велес, Велес – Овче Поле и Штип – Овче Поле. Сите  нови далекуводи ќе бидат поставени на челично-решеткасти столбови што ќе ги заменат старите армирано-бетонски столбови стари повеќе од 50 години. Вкупно ќе бидат изградени околу 170 километри нови далекуводи.  Во овој инвестициски циклус ќе бидат вложени над 20 милиони евра од кои дел се сопствени средства на МЕПСО и дел се заем од Европската банка за обнова и развој.


Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили