02 Мај, 2024
0.2429

Мерцедесот на Мило Ѓукановиќ, вреден еден милион евра, оди на барабан?

Објавено во: Балкан 15 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Почнува продажбата на луксузот што Мило Ѓукановиќ го плаќаше со државни пари, објави српски Блиц. 

Во текот на следната недела, на барабан оди лимузината управувана од поранешниот премиер на Црна Гора, Душко Марковиќ, а потоа, до крајот на месецот, и возилото на Мило Ѓукановиќ, дознал „Блиц“ од извори во Владата на Црна Гора.

И двајцата, и Марковиќ и Мило Ѓукановиќ, возеа Мерцедес-Мајбах за време на владеењето на ДПС. Според извор од Владата на Црна Гора за „Блиц“, според сегашниот план, двата луксузни автомобили ќе се продаваат на странска интернет-аукција. Се оди на странска аукција со цел да се постигне највисока можна цена.

Лимузината на Марковиќ, иако ист тип на автомобил, во последните две години беше во сенка на онаа на Мило. Според проценките, за секој од овие автомобили, при набавката, заедно со дополнителна опрема, биле платени околу еден милион евра.

„Двете лимузини ќе се продаваат. Прво, онаа во која се возеше поранешниот премиер, и за тоа уште деновиве ќе се влезе во оваа постапка. Потоа на ред е блиндираното возило на Ѓукановиќ. Блиндираното возило на сегашниот петседател и на поранешниот премиер не се продаваат во исто време, поради процедурални причини“, рекол изворот на Блиц.

Според наодите од весникот, сите законски и административни процедури на постапката ќе бидат почитувани, но сепак, нема полемики околу продажбата и тоа е позицијата на премиерот Здравко Кривокапиќ и членовите на неговиот кабинет. Сепак, институцијата претседател на Црна Гора мора да се почитува.

„Независно кој е Мило Ѓукановиќ кој ја доведе оваа земја до банкрот, но на претседателот на државата не може да му биде одземено возилото додека не се обезбеди друго. Новата Влада на Црна Гора ја почитува институцијата Претседател, но лицето кое ја извршува таа функција мора да ги почитува граѓаните, кои го избраа на таа позиција, а ние не смееме да ги понижуваме граѓаните“, рекол изворот на Блиц.

Сè уште не е познато кој автомобил ќе му биде доделен на Мило Ѓукановиќ:

„Претседателот ќе добие безбедно возило, како што доликува нему и на џебовите на граѓаните на Црна Гора“, рекол извор на Блиц.

Покрај двете лимузини Мајбах, Владата на Црна Гора ќе продаде и други луксузни автомобили што беа пронајдени во министерствата.

Извор Блиц.рс

Фото: Борба

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“