Meркел кажа каква Германија и треба на Европа
Објавено во: Свет 26 Ноември, 2017
Германската канцеларка, Ангела Меркел сака новата Влада да биде формирана што е можно поскоро, затоа што според неа, на Европа ѝ треба силна Германија.
„На Европа ѝ треба силна Германија. Затоа, пожелно е да се формира влада што е можно поскоро“- рече Меркел во говорот пред регионалните претставници на нејзината Демохристијанска унија (ЦДУ).
Германија ниту два месеци по парламентарните избори нема формирано Влада, затоа што пропаднаа преговорите на владејачката ЦДУ со либералите (ФДП) и Партијата на зелените.
Сега врз лидерот на германските социјалдемократи, Мартин Шулц се врши силен притисок да го прифати новиот сојуз, големата коалиција со демохристијаните на канцеларката Меркел, која денеска изјави дека компромисот со социјалдемократите исто така е опција. Шулц заедно со Меркел и лидерот на нејзината сестринска партија ЦСУ, Хорст Зехофер в четврток треба да имаат заедничка средба со претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер.
Неуспехот на преговорите за формирање коалициска Влада во Германија предизвика загриженост во Европската Унија, во која се подготвуваат реформи во еврозоната и банкарството, области во кои Германија игра голема улога.