02 Мај, 2024
0.0257

Меркел неделава спречи да избие војна во регионот?

Објавено во: Балкан 23 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Германските медиуми пишуваат дека канцеларката Ангела Меркел неделава спречила воен судир меѓу Турција и Грција. 

Во Средоземното Море во вторникот имаше тензии меѓу Грција и Турција околу малиот остров Кастелоризо во близина на турскиот брег. 

Oвие несогласувања за малку ќе ескалирале во судир. Телефонски повик на Ангела Меркел спречил ескалација буквално во последен момент, пишува германскиот таблоид „Билд“, а пренесе „Дојче веле“.

„Билд“ пишува дека причината за конфликтот меѓу двете земји се пробните дупчења во потрага по нафта и гас, што Турција ги спроведува во непосредна близина на грчките острови, во зоната која Грција ја смета за т.н. Ексклузивна економска зона (ЕЕЗ). Станува збор за морска област во радиус од 200 наутички милји околу овој остров.

Германскиот весник наведува и дека поради ваквата ситуација, во вторникот попладне 18 турски воени бродови биле на пат кон островот. „Билд“ исто така јавува дека Грција ја ставила својата армија во состојба на целосна борбена готовност.

„Но, тогаш се вклучила германската канцеларка Ангела Меркел. Таа прво остварила телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а потоа и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Резултат: Турција повлекла 16 воени бродови, сепак оставајќи два во близина на островот. Но, потегот предизвикал олеснување кај обете страни во Егејското Море“, истакнува „Билд“.

Потегот на Турција ги вознемири грчките власти. 

„Турција ја зголеми агресивноста кон Грција, Кипар и Европската унија во целост", изјави тогаш грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Тензиите меѓу двете земји постојат со години. 

Можеби ќе ве интересира

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат