02 Мај, 2024
0.0374

Мицкоски: Државниот ревизор констатира пљачка од 4,6 милиони евра кај СЈО, обвинителството молчи

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Лидерот Христијан Мицкоски, денеска најавувајќи го протестот на ВМРО-ДПМНЕ в сабота, напиша дека една од причините за изразувањето на незадовослтвото пред Министерството за правда е и објавениот извештај на државниот ревизор за спорните и енормни надоместоци од 4,6 милиони евра потрошени за вработените на поранешното СЈО. Претседателот на најголемата опозициска партија вели дека Обвинителството и натаму молчи иако извештајот беше објавен пред два дена.

Надоместоците кои се делеле во некогашното Специјално јавно обвинителство во периодот од 2015 до 2019 година, не биле во согласност со законоте. За жал, јавноста нема да дознае никогаш кој обвинител точно колку пари зел, затоа што се работи за класифицирани информации. Но, од Државниот завод за ревизија единствено откриваат дека надоместоците биле во многу висок и проблематичен износ, односно дури 4,6 милиони евра, за почитување на принципот на тајност.

„Мафијата секојдневно удира по темелите на државата.

- Економијата во колапс, во aвгуст индустриското производство -10%, вработени во индустријата -5%, а според EuCham (Европската Стопанска комора), Македонија е помеѓу последните земји во Европа за водење бизнис во 2020 година, но и со највисок пад од 5 места споредено со 2019 година.

- Образованието крахира, а владата експериментира со најмладите,

- Културните работници мафијата ги прогласи за социјално ранлива категорија.

- Здравството е на колена, секојдневно лекари и медицински персонал го напуштаат, никогаш не излеговме од Ковид пандемијата, а секој ден броиме наши синови, ќерки, родители кои ги губат животите поради неспособноста на надлежните.

- 4,6 милиони € констатира пљачка во СЈО државниот ревизор, а обвинителството молчи, чека насока од мафијата. Нема правда, нема мир...

И додека ова се случува продолжува креирањето на лаги и конструкции од власта насочени кон мене и ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? За да не се збори за крахот во државата.

Ве повикувам, во сабота во 18:30 заедно да протестираме против неправди, реваншизам и политичко насилство!

Се гледаме на улица!“, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук во својот повик.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?