МИЦКОСКИ И ЗАЕВ СИ РАЗМЕНУВААТ ПОРАКИ ПРЕКУ ПЕСНИ: По „Stranger in the night“ Заев да ја научи „Wind of change“
Објавено во: Македонија 12 Април, 2019
Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски му порача преку социјалната мрежа Фејсбук на премиерот да ја научи песната „Wind of change“.
Таа порака Мицкоски ја објави како одговор на Заев кој на митинг на кандидатот од владеачката коалиција Стево Пендаровски ја отпеа песната „Stranger in the night“ и порача дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ и кандидатката на таа партија за претседател Гордана Силјановска се „како странци во ноќта - изгубени до крај“.
Мицкоски во одговор на својот фејсбук профил, повикувајќи се на податоци од Индексот на глобален развој на Светска банка, ја обвини владата на Заев дека е одговорна за економското назадување на земјава.
-Затоа наместо премиерот на митинзи да пее „Stranger in the night“ време е да ја научи „Wind of change“. Поради ова и се друго што и приреди на Македонија, оваа песна народот ќе му ја испее на 21 април и 5 мај оваа година-пишува првиот опозиционер.
Десеттина дена остануваат до одржување на шестите по ред избори за претседател на државата.