01 Мај, 2024
0.0293

Мицкоски клекна на колена

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Македонска опозиција денеска маршираше низ улиците на Штип. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на самиот почеток на својот говор се поклони на луѓето кои што ја следат каузата за Република Македонија. Смета дека првиот претседател Киро Глигоров и првиот премиер на Република Македонија Никола Кљусев во деведестите години не го прифатија тоа што го бара јужниот сосед, зошто како што, вели не дозволија да бидеме понижени.

- А денес има политичар кој го прави тоа. Го имаме Заев и неговата владина свита. Човек и луѓе кои немаат никаков проблем да зборуваат колку го почитуваат минатото, додека мртви-ладни на дело формираат комисија која ќе ни ја ревидира историјата, како обврска која тие си ја преземале во име на сите нас, иако никој не им го дал тоа право. И уште поважно, спроведуваат одредба од договор што Заев и Димитров сами си го потпишаа и најважно од се – спроведуваат одредба од договор кој воопшто не е стапен на сила! Кога ќе ги прашаат, изговорот им е дека историјата мора да се потчини на политиката, како влог во подобро утре. Некако ми се чини дека ова подобро утре на Заев и СДСМ бара премногу влогови. Затоа што не им е првпат, рече Мицкоски.

Смета дека Македонија со СДСМ и Заев ита кон бездната, а отворено го повика и на телевизиска дебата, на која директоно ќе му одговори што мисли за апстиненција.

-Ти прифати Заев јас веднаш ќе ти кажам што мислам, ама ќе треба и да одговориш за наведнатата кичма, за губењето на идентитетот, за одземеното достоинство на народот, за наместените тендери, за криминалот кој го правиш на дневно ниво и зошто нема никаква санкција за тоа. Излези Заев охрабри се, еднаш речи не на твоите советници, Спасовски ли, Шекеринска ли се викаат, нека те пуштат на дебата да збориме за капитулацијата со која сакаш да ја понижиш Македонија, порач Мицкоски.

Македонија е во опасност, а кога СДСМ е на власт Македонија ја има се помалку, смета Мицковски, а опасноста доаѓа, вели, од незнаење, неспособност и криминогеноста на врхушката на власт. - Под плаштот на европската иднина на државата се спроведува пљачката на векот и се злопуотребува силната желба на македонскиот народ за европските стандарди, просперитет и сигуност на државата, порача Мицковски од Штип.


Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски