МИЦКОСКИ: Македонија ќе биде земја со најголем број на странски инвестиции по глава на жител во Европа

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2025
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија ќе биде земја со најголем број на странски инвестиции по глава на жител во Европа.
„Одлучивме сите оние коишто се заинтересирани и коишто се во процес да ги повикаме да ги сослушаме и да видиме дали можеме да најдеме заеднички јазик и како можеме да ги донесеме кај нас да инвестираат. Она кое што е важно е дека милијардата ја поминавме во ноември, милијарда и 40 милиони евра, за декември чекаме, во февруари од прилика ќе се знае каква ќе биде состојбата со инвестициите оваа година. Но, она кое што е многу значајно е што од мај до ноември имаме 120 милиони евра месечно инвестиции“, изјави Мицкоски.
Мицкоски посочи дека очекува во февруари Македонија да биде земја со најголем број на странски инвестиции по глава на жител во Европа.
„Ние со оваа милијарда која што очекувам да биде конечно во февруари, ќе бидеме земја со најголем број на странски инвестиции по глава на жител во Европа. Нешто што одамна не сме биле, се сеќавате бевме на дното“, додаде премиерот.
Мицкоски вели дека ова е многу важно, затоа што во пресметката на БДП во услови на криза во автомобилската индустрија и намалено индустриско производство, во услови на намалена побарувачка на суровини од нашите рудници, странските инвестиции, туризмот, услугите и земјоделието се тие кои што треба да го покријат тој недостаток, односно таа разлика која што ќе се случува во БДП.
Можеби ќе ве интересира
МИЦКОСКИ ОТКАКО МАКЕДОНИЈА СТАНА ДЕЛ ОД СЕПА: Tрансферот на дотациите на нашинците од дијаспората ќе биде веднаш

Божиновска на средба со јапонската амбасадорка Кавахара: Јакнење на соработката во енергетиката

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МФ и Економскиот факултет од Скопје – Заеднички чекор кон унапредување на знаењето во јавните финансии

НАРОДНА БАНКА: Историски исчекор за нашата земја ‒ Станавме членка на СЕПА
УЈП: Не е точно дека над 80.000 вработени уште не зеле јануарска плата

Владата купува луксузно јадење, ама вели дека е по пониски цени од претходните тендери

ПроКредит Банка со нова емисија акции од 8 милиони евра

ГРАДЕЖНИШТВОТО Е ГЛАВНИОТ ФАКТОР ЗА РАСТОТ НА БДП: Митева ги соопшти статистиките

Црна Гора со помалку туристи во 2024 зошто Русите не бегаат повеќе од војна
