01 Мај, 2024
0.0300

Мицкоски не се откажува од реванш

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Во своето гостување на телевизија Алфа, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски уште еднаш го повика премиерот Зоран Заев да се охрабри и да се појави на дебата со него, за да се дебатира за содржината на референдумското прашање и за содржината на договорот и последиците кои тој ги носи за Македонија и македонските граѓани.

Мицкоски напомена и дека доколку Заев ја прифати дебата ќе ги отвори и прашањата за криминалите и аферите на власта, но и за нереализираните предизборни ветувања на СДСМ.

- Ја користам еве оваа прилика, уште еднашка да ја реафирмирам поканата до господинот Зоран Заев да излеземе на телевизија пред јавноста, пред граѓаните за заеднички уште еднашка да дебатираме за содржината на референдумското прашање, за содржината на договорот и за сите последици кои што евентуално би се случиле ако овој договор стане ефективен. Но и за сите оние криминали, афери, за сите они порази, за сите оние омаловажувања, понижувања кои што ги доживува македонската нација и граѓаните на Република Македонија веќе една и половина година откако СДСМ еве ја превзема власта во Република Македонија. Знаете какви се имаа ветувања, знаете какви се очекувања поткренаа кај граѓаните. За жал не само што не успеаа да ги исполнат туку напротив и сите оние проблеми кои што се присутни во реалниот живот на граѓаните ги продлабочи, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку Мицкоски и Заев веќе имаа еден дуел на МРТ кога во ек беа лидерските средби кога беше потребно да се дојде до консензус за нова Државна изборна комисија која ќе го организира спроведувањето на референдумот на 30 септември.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски