08 Мај, 2024
0.0496

Мицкоски: Oваа Влада мора да си замине, Македонија мора да мрдне од мртва точка

Објавено во: Македонија 19 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски вели дека имаме поделено општество, изместени вредности, селективна правда, капитулација наместо компромиси, тонење во долгови, киднапирана и срушена држава. Според него, ова е тажната слика за Македонија. 

Мицкоски вели дека европската агенда сега е во ќорсокак, и мора да се спаси, а Македонија мора да мрдне од мртва точка.

„Решението е едноставно, оваа Влада мора да си замине. Со реформите за 3, 6 и 9 месеци, ниту до половина не се стигнати, а минаа 10 месеци. Европската перспектива на државата не е нешто што се сервира на тацна, таа треба да се одработи. Се киднапираат и узурпираат институциите, законите, Уставот, се ставаат над сите процедури во оваа држава, наместо правда по правила, имаме неправда која ја чувствуваат граѓаните. Погледнете како се справуваат со обичен случај на погрешно паркиран автомобил. Се впрегна цел еден механизам да го оправда функционерот од владеачката коалиција. Имаме држава во која рушењето е главна активност, ништо ново не доградија од претходно, ниту пак нешто ново почнаа да градат“ - вели Мицкоски. 

Него го загрижува тоа што со непосакувани чекори и тензии како Законот за јазици, дополнително се намалуваат перформансите на државата. 

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за одговорност на Талат Џафери кој ја узурпираше функцијата Претседател на Собранието на Република Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ДИК: На претседателските најголема излезност во Пробиштип, а најмала во Боговиње

ДИК: На претседателските најголема излезност во Пробиштип, а најмала во Боговиње

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија и лично

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија и лично

ПОМИНА ВЕЛИГДЕН: Уште колку дена имаме фора за да ги изедеме вапцаните јајца?

ПОМИНА ВЕЛИГДЕН: Уште колку дена имаме фора за да ги изедеме вапцаните јајца?

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?