Мицкоски по ТВ-дуелот со Заев: Уживав во дебатата
Објавено во: Македонија 29 Февруари, 2020
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, еден ден по синоќешниот ТВ-дуел со Зоран Заев рече дека уживал во телевизиското соочување со претседателот на СДСМ.
„Оставам на граѓаните да судат. Едноставно се забавував додека разговарав со господинот Зоран Заев“, рече Мицкоски, запрашан за тоа кој победил во дебатата.
Водачот на најголемата опозициска партија денеска беше во охрид на настан на Институтот за општествени истражувања „МК 91“ подржан од Фондацијата „Конрад Аденауер“ .
Еден ден по дебатата СДСМ веднаш реагираше, објавувајќи докоменти од времето кога Мицкоски директорувал со АД ЕСМ. Портпаролот на владеачката партија Костадин костадинов тврди дека Мицкоски му одобрил два договори на адвокатот Панче Тошковски за адвокатски услуги.
Еднаш одобрил исплата на 1,6 милиони, а еднаш на 8,85 милиони денари. Костадинов тврди дека се работи за многу близок пријател на Мицкоски и преговарач на страната на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за Јавно Обвинителство.