12 Мај, 2024
0.0293

Мицкоски по Заев: Ние исправени се бориме за силна економија

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Попладнево со статус на фејсбук се огласи лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Реакцијата следува по прес конференцијата на претседателот на СДСМ Зоран Заев за економските мерки кои ги планираат за евентуaлниот следен мандат. Во статусот вели - „Тие зборуваат за редефинирање, ние зборуваме за силна Македонија“

„Тие зборуваат за земање од граѓаните и покачување на даноци, ние зборуваме за враќање кај граѓаните и бизнисот и повеќе пари. Тие e познато дека неумеат и лажат, а ние со чист образ и силна верба велиме дека ќе успееме. И во борбата сме различни. Тие се мафија која се бори за власт и пари, ние се бориме за заедничката иднина на Македонија и повеќе за сите. Тие со подвиткана кичма, ние исправени, заедно ќе одиме до крај, за промени, нов почеток и силна економија, пишува Мицкоски.

Инаку тој објави дека планираат зголемување на просечна плата во државата за 25 проценти, зголемување на просечната пензија на пензионерите за 20 отсто, 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции за 4 години, rамен данок од 8 отсто. Ветуваат невработеност под 10 отсто, нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола, нов асфалт за сите регионални патишта во државата, 1000 км нов асфалт. Мицкоски пишува и дека ќе обезбедат нова фасада и прозорци за домовите, при што 50 отсто е на трошок од државата, набавка на сончеви колектори за домаќинствата, при што 50% од сумата ќе биде на трошок на државата, бесплатен приклучок до гас за секое домаќинство,  за 50 отсто почист воздух и нова термоцентрала во Пијанец и Малешевијата и 1 000 нови вработувања.

Можеби ќе ве интересира

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа