02 Мај, 2024
0.0268

Мицкоски се придружи на протестите: Заев купи двотретинско мнозинство со закани и уцени

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им се придружи на протестантите пред Собранието против почетокот на тератат фаза од Уставните измени, задно со пратениците од опозициската група. Со него беа Влатко Ѓорчев, Јохан Тарчуловски, Александар Николовски и други.

„Почитувани сограѓани,

Го пишувам ова како син, родител, педагог, професор, сосед и пријател. 
Јас од денес ќе го користам моето демократско право мирно и достоинствено да протестирам против тоа што се случува внатре во Собранието, надвор, пред Собранието.

Ве повикувам да ни се придружите и да останеме достоинствени и честити какви што сме. Да не подлегнеме на провокации за евентуални насилни сценарија. Тоа и го должиме на неа, на татковината. Тука сме се школувале, растеле, радувале, тагувале, другарувале, љубеле и сонувале за достоинствено место за живот. За неа сме се бореле, војска служеле, буделе и заспивале, тука сме ги создавале нашите семејства... тука најверојатно ќе ја завршиме нашата животна приказна. Ова е најмалку што можам во овој момент за неа да направам, но можам да се обврзам дека ќе сторам се, тоа што некој сега го тргува безмилосно, да го повратиме. 
Таа е мојата втора мајка, Македонија, а јас сум горд Македонец!“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Како причина за протестот Мицкоски подоцна пред камерите ги наведе, како што вели тој, уцените и заканите на премиерот Зоран Заев со кој насилно обезбедил двотретинско мнозинство за изгласување на иставните измени.

- Оваа влада е составена само за едно прашање, а преку Кацарска-судството, Рускоска-судството и Специјалното јавно обвинителство обезбеди насилно доволен број на пратеници под закана на притвор. Ги молам граѓаните да не подлегнуваат на провокациите од полициските провокации. Повикувам да останеме достоинствени и чесни - рече Мицкоски.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање