02 Мај, 2024
0.0391

Мицкоски за случајот со Никола Саздовски: Законите мора да почнат да владеат за сите подеднакво и се поважни од кариерата на пропаднати политичари

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со статус на Фејсбук се осврна на случајот во кој момче од навивачката група Комити кое беше претепано им подлегна на повредите. 

Никола Саздовски Саздо, згаснат живот уште пред да започне, уште пред да ги види и почувствува вистинските убави нешта во животот. Прекината иднина, уште едно семејство обвиено во тага и црнила, пишува Мицкоски. 

„Наш член, но и да не е наш член, и да е било кој друг, болката е иста. И не се работи за политика, овде се работи за чувството како родител кое неизбежно укажува на загриженост, за чувството на несигурност во својата земја, во својот град, на својата улица. Без оглед дали некој живее во Чаир и Бутел, или Кисела Вода, Центар или Карпош, Аеродром и Ѓорче, Битола, Куманово или било кој друг град. Проблемите се исти, чувството на безпомошност да се обезбеди спокоен и мирен живот, онаков каков што секој заслужува и за кој почнува да копнее. Ова е време кога безбедноста е загрозена, родителите не можат со мирна совест да ги пуштат своите деца без да се плашат за нивниот живот, а каков е тој живот во кој секојдневието е преполно со страв и несигурност. Луѓето живеат во страв за своите животи, бидејќи власта е неспособна да обезбеди сигурност. Имаме како со нож поделено општество, несигурност продуцирана од делбите произведени од власта, водство на полицијата кое наместо пресметки со криминал, се занимава со политичко полициски монтажи и инструирани случаи, влада која ослободи над 800 осудени криминалци кои се вратија на улиците, министер кој правеше прес конференција за "мачките кои оштетиле возило", ама кога ќе избодат до смрт дете, никаде го нема. Премиер кој бара експертиза за Диво Насеље и судство кое ги пушти на слобода убијците на децата од Смилковско, а сега кога треба да се дејствува, да осуди и да ја казни неправдата, молчи. А молчи затоа што не сакаат да се соочат со вистината која е поразителна“ - пишува Мицкоски. 

Тој додава дека ваквите настани ја распрснуваат како меур од сапуница розевата слика која власта и пропагандата сакаат да ја создадат, свет кој е илузија а во кој доминираат фалбите за убавиот живот, слика која вештачки сакаат да ја изградат, ама пусто реалноста е поинаква и таа е болна за обичниот човек. 

„Потребен е слух за реалниот човек, потребна е одговорност, и правдата мора да стапи на сила, порано или подоцна. Законите мора да почнат да владеат за сите подеднакво и тие се поважни од кариерата на пропаднати политичари. Потребна е одговорност за работите кои го прават несигурен и обесправен обичниот човек. Потребна е одговорност на луѓето од врхушката на власт, и тие не се недопирливи. Сигурност и извесна иднина е она што на секој човек му треба и таа мора да дојде“ - наведува Мицкоски. 

На крајот од постот пишува дека од сите нас зависи, бидејќи сите ние ја одбираме иднината.

Од МВР денеска соопштија дека напаѓачите на момчето се приведени и ќе одговараат. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?