01 Мај, 2024
0.0292

Мицкоски: Заев се бори да го смени името за да си ја задржи својата фотеља

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

„Заев се бори да го смени името за да си ја задржи својата фотеља“ им кажал на Беровчани опозицискиот лидер Христијан Мицкоски по средбата со граѓаните.

Мицкоски пред граѓаните на Берово потенцирал дека СДСМ иако во предизборието ветуваа дека ќе донесат живот за сите граѓани,  не само што не донесоа туку на сите граѓани во Република Македонија им го направија потежок животот. 

„Ниту има домашни инвеститори,а странските исчезнаа и заминаа во соседните држави, државата од лидер во регионот сега е на последно место и нема нови инвеститори“, рекол Мицковски кој им посочил да не веруваат во лагите на Зоран Заев.

- Кога вели дека ќе викнел некој да не камшикува. Камшик му треба него, затоа што има држави во светот каде што престапниците и криминалците со камшикување ги казнуваат, среќа он се родил во држава како Македонија па такви казни не постојат. Ниту некој го камшикувал, ниту некој ќе го камшикува македонскиот народ, ниту во минатото, ниту тоа ќе биде случај во иднината, истакнал Мицкоски.

Во врска со убедувањата за договорот со Грција кој велат дека е добар тој истакна дека договорот не е ни малку добар, ниту пак е некаков компромис туку капитулација.

-Знаеме дека договорот кој што го потпиша владата на СДСМ со нашиот јужен сосед не е ни малку добар, не ни компромис туку капитулација и затоа кажавме дека не можеме капитулацијата да ја прифатиме како лидерство, не можеме поразот да го прифатиме како победа и нашиот став е единствен и непроменлив а тоа е дека за ВМРО-ДПМНЕ овој капитулантски договор е неприфатлив, вели Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ