02 Мај, 2024
0.0258

Мицотакис откри: Не е само името туку и идентитетот на „Скопјаните“

Објавено во: Балкан 03 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Грчкиот опозициски лидер Кирјакос Мицотакис уште еднаш јавно потврди дека неговата партија Неа Демократија нема да се задоволи само со промена на името на Македонија, туку мора да се направат измени на Уставот, како и на идентитетските прашања за нацијата. 

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис вели дека кога се отворил прозорецот на можност, Ципрас започнал со тајна дипломатија, не ја известил опозицијата, напротив се обидел да ја подели, а го поделил и општеството.

– Ние од прв момент, што рековме? Го поставивме прашањето во правилна димензија. Рековме дека не нѐ засега само прашањето со името, туку нѐ засега и прашањето со Уставот, а особено нѐ засегаат прашањата со иредентизмот и идентитетот на нашите соседи. Да почнеме од овие прашања. Владата не започна од овие работи, започна говорејќи само за името, а во продолжениe го смени ставот и дојде на нашата позиција, споменувајќи ја уставна ревизија како неопходна, рече Мицотакис во интервјуто за радиото Реал ФМ.

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија, на прашањето каква би била позицијата на Нова демократија, доколку договорот е во рамките на позициите на партијата и како таков дојде за гласање, рече дека се резервирани додека не видат што ќе донесе грчката влада во парламентот.

– Не сме стигнати до таму. Јас ја немам предвидено позицијата на Нова демократија. Ќе разгледаме каков било договор. Но, сакам да повторам уште еднаш дека владата, со ова прашање, за жал го подели општеството и создаде еден супстрат во грчкото јавно мислење што отежнува постигнување било каков договор во овие услови, рече Мицотакис и уште еднаш го повтори неговиот веќе добро познат став дека нема да ги обединат „Скопјаните, делејќи ги Грците“.


Можеби ќе ве интересира

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат