01 Мај, 2024
0.0414

Милошоски: СЈО само штанца нарачани обвиненија

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ реагираше на отворената истрага на СЈО во која се води постапка против раководството на партијата за незаконско финансирање и финансиски злоупотреби. Според пратеникот станува збор за уште една оркестрирана истрага и настап на СЈО според партиските потреби на СЈО.

- Главната задача на СЈО е да штанца нарачани обвиненија против политички неистомисленици од ВМРО-ДПМНЕ за да му помогне на господинот Заев да спроведува нарачани платформи со создавање на коалиција со партии кои ја поддржале платформата од Тирана, рече Милошоски.

Пратеникот исто така тврди дека настапите на СЈО се со цел да се изврши притисок врз судството, но и да се дефокусира јавноста од скандалите на СДСМ и останатите партии кои воопшто не се предмет на никакви истраги.

- Сметаме дека ваквото однесување на СЈО е на штета на интересот на граѓаните на Македонија но во корист на господинот Заев за да се дефокусира јавноста од главниот проблем во оваа држава а тоа е правење коалиција со партија која е поразена на изборите и правење на коалиција на штета на интересите на Република Македонија и наместо да се разговара за таа суштинска тема и плаќањето на многу висока и скапа цена за интересите на Македонија, а со цел Заев од аболициран за криминал да стане претседател на владата на Република Македонија, СЈО ќе нарачува обвиненија и ќе поднесува обвиненија за да го отргнува вниманието на македонската јавност. Тоа ќе биде улогата на СЈО денес и тоа ќе биде улогата на СЈО во следните месец дена, посочи Антонио Милошоски.

Во случајот „Талир“ како што соопшти СЈО постои основано сомнение дека ВМРО-ДПМНЕ незаконски се финансирала, односно од 2009 до 2015 година, екс премиерот прифатил незаконски средства за финансирање на партијата во вредност од 4,9 милиони евра. Парите, наместо да се вратат во буџетот како што налага законот или да ги донираат во хуманитарни цели, биле искористени за незаконско финансирање на партијата.


Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски