29 Април, 2024
0.0255

„МИНСТРОЈ ХОЛДИНГ“ А.Д. НУДИ ЦЕЛОСНО РЕШЕНИЕ ЗА “ФЕНИ“

Холдингот има реален план за исплата на обврските, завршување на стечајот и реализација на долгорочна инвестиција во “Фени“

Објавено во: Мои пари 06 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во врска со информациите кои се однесуваат на нашиот интерес и работа околу Индустрискиот Комбинат “Фени“ од Кавадарци, би сакале да потврдиме дека “Минстрој Холдинг“ А.Д. има конкретен план за третман на актуелната состојба со “Фени“.

Имено, по неколкумесечната работа и анализа на состојбите во Комбинатот, кои вклучуваат согледување на материјално-финансиската состојба, производно-техничките услови, доверителите и пред се, статусот на вработените, “Минстрој Холдинг“ А.Д. изготви соодветна програма која нуди целосно и долгорочно решение за Комбинатот, во целост, истовремено решавајќи локален економски проблем во Градот Кавадарци.

Конкретно, “Минстрој Холдинг“ А.Д. има можности, капацитети и нуди:

- Целосна, 100% исплата на обврските кон сите Доверители на “Фени“ утврдени со стечајната постапка;

- Затворање на стечајната постапка и ставање на Комбинатот во нормален деловен режим;

- Структурирање менаџерски тим кој заедно со висококвалификуваните и искусни работници на “Фени“ ќе работат на развој на Комбинатот;

- Обезбедување висококвалитетна руда како основна суровина за непречена работа на печките во “Фени“;

- Двегодишен инвестиционен план во висина од 30 Милиони Евра за санација на двете електро печки и придружната опрема;

- Можност за рестартирање на рудникот во Ржново и отворање нови работни места .

“За нашиот Холдинг тешката индустрија претставува основен двигател и столб во водењето бизнис. Нашата Компанија е препознатлива по стручноста и умешноста во санацијата и рестартирањето на рударско-индустриски капацитети, поле во кое сме докажани во реалноста, на повеќе проекти. Пример за тоа се двата рудника во Македонија за кои имаме Концесија: “Злетово“ и “Тораница“, во кои без магично стапче, туку со верба и многу посветена работа, следена со реални инвестиции успеавме да покажеме резултат. Лично сум убеден и верувам во потенцијалите на “Фени“, пред се затоа што Кавадарци е град со 80 годишна традиција во производство на никел и луѓето ја имаат културата и енергијата со генерации за вакво нешто. Знам дека “Минстрој Холдинг“ А.Д. знае и има капацитети да го врати “Фени“ на вистинскиот пат при што, ќе биде решен голем проблем на македонската економија.“, потенцираше Проф. Д-р Николај Валканов, Претседател на Бордот на Директори на "Минстрој Холдинг" А.Д.

Можеби ќе ве интересира

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА