01 Мај, 2024
0.0259

ММФ: Населението старее, возраста за пензионирање да биде во согласност со земјите од ЕУ

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Oд Меѓународниот монетарен фонд за Македонија велат дека е потребно возраста за пензионирање да се доведе во согласност со земјите од Европската унија за да може Фондот за пензионско и инвалидско осигурување во земјава да биде одржлив. 

Тие нагласуваат дека населението во земјата старее. Од ММФ тоа го поткрепуваат и со фактот дека во последните години бројот на пензионери се зголемил. 

„Ова, секако не е одржливо и нешто мора да се смени. Ако ги гледаме придонесите што се плаќаат за пензиско осигурување и возраста на која се пензионираат луѓето, тие се пониски во однос на земјите од ЕУ и пензискиот фонд за да биде одржлив потребно е возраста на пензионирање да се доведе во согласност со земјите од ЕУ“ - изјави денеска во Скопје шефот на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија, Џасмин Рахман.

Вели дека треба да се врши усогласување на висината на пензиите само според инфлацијата, а не по 50% според трошоците на живот и платите. Препорачува да се затворат и дупките во законите кои овозможуваат чести пензионирања на помлади лица.

Смета дека Македонија со добра бизнис клима и повеќе работни места ќе ги задржи младите.

„Потребни се реформи во институциите и во образованието за вештините кои ги стекнуваат луѓето во текот на образовниот процес бидат соодветни на работните места кои се отвораат“ - вели Рахман.

За Македонија да постигне поголем економски раст, од ММФ наведуваат дека се потребни директни странски инвестиции, јака економија, структурни реформи во управувањето и правото и транспареност на институциите.

Светската економија во 2018 и 2019 година се очекува да порасне за  3,9%, во еврозоната во просек за околу 2%, додека земјите во развој за 5%. 

Во некои од земјите во ЕУ во пензија се оди на 65 или 67 години. 

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција