Могерини: Денес Европа е горда
Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2018
Федерика Могерини, шефицата за надворешна политика на ЕУ, изјави дека потписот на договорот помеѓу Македонија и Грција не ги прави горди само двете земји, туку цела Европа.
- Ова е историски ден за Европа. Многумина беа скептични, но успеавме. Им благодарам за храброто лидерство. Направија сите Европкани да се горди. Го отвора патот сите лидери од Западен Балкан да земат пример во таква ситуација. Секој спор е решлив преку дијалог. Сега започнува остатокот од работата, а ние како ЕУ ќе го охрабруваме секој нареден чекор. Ова не е важно само за двете земји, туку и за Европа. Ние веќе препорачавме да се започнат преговори, а очекуваме Европскиот совет да го стори тоа. Одиме во вистинска насока - изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.