02 Мај, 2024
0.0299

МОСТ: Пендаровски освоил 44,47 проценти наспроти Силјановска Давкова со 44,32 отсто

Објавено во: Македонија 21 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Стево Пендаровски освоил 44,47 проценти наспроти Гордана Силјановска Давкова која има осоено 44,32 отсто од гласачите кои денеска гласаа на шестите претседателски избори, за Блерим Река гласале 10,98 проценти, покажуваат резултатите на Граѓанската асоцијација МОСТ. Од асоцијацијата нагласуваат дека максимална маргина на грешка е од +/- 0,5 проценти.

МОСТ го следеле денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи.  На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, биле распоредени исто толку набљудувачи, со што биле покриени 33 проценти од вкупниот број на гласачки места во Република Северна Македонија.

Според Граѓанската асоцијација, податоците добиени од ПВТ програмата, покажала 41,67 проценти одѕив на гласачите, со маргина на грешка од +/- 0,5%. Процентот на неважечки ливчиња е 4,33 отсто.

Од МОСТ напоменуваат дека поради фактот што резултатите за првите два кандидати се во маргината на грешка, можно е во официјалните резултати да има промена во редоследот на првите два кандидати според освоените гласови. 


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање