10 Мај, 2024
0.0669

МОЖЕН Е ТРЕТ БРАН ПРЕДУПРЕДУВА ЕПИДЕМИОЛОГОТ СТОЈАНОВ: Ние сме сој што сами ќе си го пореметиме животот

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Нормално е во една ваква ситуација и кај нас во македонија да се случи третиот ран на корона-вирусот, оној од кој се плаши цела Европа и поради кој земјите се затвораат, вели во разговор за Фактор, еден од врвните експерти од полето на епидемиологијата, д-р. Александар Стојанов. Познатиот епидемиолог предупредува дека се додека чекаме да се вакцинираме, се повеќе време му даваме на вирусот да мутира, а со тоа да се случи и третиот бран.

-Не мора да буде британскиот сој, вирусите по природа мутираат, може да биде мутација која настанала тука, кај нас. Веќе сме сведоци дека има мутации разно разни, бразилска, нигериска варијанта, сој во босна, сој во Хрватска, тоа е природата на вирусите, да еволуираат, да мутираат. Проблемот е во тоа што полесно се шири иако за смртноста не постојат податоци. Но, јас лично сум загрижен од вчерашната бројка кога имавме дури 19 починати, односно 13. Во однос на Србија, таму имаше 14 починати на над 2.000 новозаразени. Таму исто има еден тренд на зголемување на бројките. Би сакал да потенцирам дека опасност претставуваат и скијачките центри, иако властите кажуваат дека никој не се заразил на скијачка патека, но што е со возењето во гондоли по неколку луѓе, како и дружењето во бачила, кафулиња и така натаму. Сето тоа е голем ризик, посочува д-р. Стојанов.

Истовремено вели дека од друга страна Србија е во голема предност поради тоа што досега таму се вакцинирани повеќе од милион луѓе, па наскоро ќе почнат да го стекнуваат и потребниот колективен имунитет.

-Вучиќ цела Европа го критикува. Го критикуваат за неговиот однос кон медиумите, за избори, за ред други работи, а таму веќе на големо тече масовната вакцинација, милон луѓе се вакцинирани. Нас сите не фалат, а досега немаме ниту една вакцина, е тоа ме загрижува навистина. Дали е сојов британски или некој друг и дали некој друг сој ќе ни ги поремети работиве, навистина не знам, но јас би рекол ние сме сој што сами ќе си го пореметиме животов.  

Според епидемиологот Стојанов, кој истовремено е голем експерт во однос на имунизацијата на населението, од исклучително значење во овој момент е вакцинацијата против Ковид-19, зошто, како што вели, сите пандемии се надминуваат само со вакцина.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија