МОЖЕН ПРЕСВРТ: Кој може да ја спаси Британија од Брегзит и да ја смени одлуката?
Објавено во: Свет 10 Декември, 2018
Обединетото Кралство има право еднострано да го запре процесот на излегување од Европската унија без промени на својот досегашен статус во тој блок, одлучи Европскиот суд на правдата.
Оваа одлука е донесена на ден пред гласањето за предлогот за Брегзит на премиерката Тереза Меј во британскиот Парламент.
Мислењето на ова правно тело е дека Британија може да го преобрати механизмот од член 50 од Лисабонскиот договор, со кој е дефинирано како земјите ја напуштаат ЕУ, во случај договорот од излезот на Унијата уште да не стапил на сила.
Мислењето на судот го побарала повеќепартиска група на британски политичари, кои сметаат дека е можно да се запре Брегзит со нов референдум или да се најде алтернативен начин тој да се изведе.
Foto: Tanjug/AP