01 Мај, 2024
0.0277

Можни се бегалски центри во Македонија?

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на ЕП, Антонио Тајани ги предупреди членките да не водат егоистична миграциска политика. 

„Можни се прифатни бегалски центри на Балкан, во Албанија или Македонија“- вели тој.

Додава дека пристапот кон прашањето на доселениците не смее да води кон уништување на ЕУ.

„Ако секоја земја-членка се раководи само од својот сопствен интерес, ќе дојде до распад на Унијата“- рече Тајани. 

Притоа, тој ги потсетува закараните коалициски партнери во германската Влада дека миграцијата не е „чисто германски проблем“, дека под силен притисок се и Италија и Грција: 

Самитот на ЕУ е закажан за 28. и 29. јуни. Германската Христијанско социјална унија планира непосредно по него да го дефинира своето натамошно постапување во однос на бегалската политика во спорот со канцеларката Ангела Меркел, кој се заканува да ја „торпедира“ германската Влада. ЦСУ на канцеларката ѝ даде рок до самитот да постигне европско решение за барателите на азил, во спротивно министерот за внатрешни работи од оваа партија, Хорст Зехофер, е подготвен да започне со враќање од германските граници на азилантите кои претходно се регистрирани во друга членка на ЕУ. 

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање