22 Декември, 2024
0.0253

МРТВ годинава ќе потроши 7 милиони евра повеќе од лани!

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Годинава е силен предизвик за Македонската радио-телевизија, која со значително зголемен буџет планира силна внатрешна реформа и преобразба во модерен јавен сервис. Со вкупен буџет од 27,7 милиони евра ( 7 милиони евра повеќе од лани) се најавува зголемена продукција на сопствена програма, дигитализација на јавниот сервис и инвестиции во опрема со цел подобрување на информативната програма. Соња Јованова Наумовска Вкупно 16,5 милиони евра приход ќе има јавниот сервис од радиодифузна такса годинава и тоа е само половина од буџетот кој и е на располагање на МРТ за 2013 година. Според финансискиот план на јавното претпријатие доставен до Собранието, јавниот сервис од Владата планира да добие и финансиска поддршка за редовно работење од близу 4 милиони евра, а исто толку пари од државниот Буџет ќе се одвојат за продолжување на процесот на дигитализација. Владата ќе и префрли на МРТ дополнителни 1,7 милиони евра за реализација на телевизиската и радиопрограмата за иселениците, при што само за закуп на сателитскиот сегмент ќе се потрошат 1,4 милиони евра. Останатите приходи Македонската радио телевизија планира да го обезбеди од реклами, закуп на недвижен простор и сл. Па така, од продажба на рекламен простор МРТ планира да прибере 1,3 милиони евра,  што е двојно повеќе од минатата година и што во главно се должи на зголемениот процент на рекламен простор што го доби МРТ со измените на Законот за радиодифузна дејност од лани. МРТ најавува штедење ама ќе потроши повеќе од лани?! Иако во финансискиот план на МРТ пишува дека годинава јавниот сервис ќе води рестриктивна и штедлива политика, сепак  расходната ставка во финансискиот план годинава е за 5,6 милиони евра поголема од лани и изнесува 26,5 милиони евра. Трошоци се планирани за  подобрување на програмската шема, за дигитализацијата и подмирување на долговите на МРТ. Вкупно 4,4 милиони евра се наменети за откуп на програмски права, 2,8 милиони евра за програмски трошоци, од кои најголем дел отпаѓа на сопствена продукција и копродукции но и 5,4 милиони евра за трошоци за вработените во кои освен бруто платите опфатени се и трошоците за дописниците кои известуваат од Вашингтон, Брисел и Атина. За службени патувања во земјата и странство МРТ планира да потроши 183 илјади евра. Според инвестиционата програма на МРТ за годинава планирано е купување на нови камери, линкови, транспортни возила и други  дополнителни инвестиции за што ќе се одвојат 5,7 милиони евра.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„САМО ТРИ РАБОТНИ МЕСТА ЌЕ ЈА ПРЕЖИВЕАТ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“: Бил Гејтс песимист за иднината на работата

„САМО ТРИ РАБОТНИ МЕСТА ЌЕ ЈА ПРЕЖИВЕАТ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“: Бил Гејтс песимист за иднината на работата

ФОЛСКВАГЕН НЕМА ДА ЗАТВАРА ФАБРИКИ, НО УДАРОТ ЌЕ ПАДНЕ ВРЗ РАБОТНИЦИТЕ: До 2030 година ќе има 35.000 вработени помалку

ФОЛСКВАГЕН НЕМА ДА ЗАТВАРА ФАБРИКИ, НО УДАРОТ ЌЕ ПАДНЕ ВРЗ РАБОТНИЦИТЕ: До 2030 година ќе има 35.000 вработени помалку

НАМЕСТО 14 ЧАСА, ЌЕ СЕ ПАТУВА ОСУМ: Почна со работа брзиот воз меѓу две метрополи, ова е цената на билетот

НАМЕСТО 14 ЧАСА, ЌЕ СЕ ПАТУВА ОСУМ: Почна со работа брзиот воз меѓу две метрополи, ова е цената на билетот

УНГАРСКИ ЗАЕМ: Еве што очекува Мицкоски

УНГАРСКИ ЗАЕМ: Еве што очекува Мицкоски

СИТЕ ЛИЦА НА ТЕМУ ВО МАКЕДОНИЈА: Нарачувате на свој ризик, нема закон што ќе ве спаси ако не сте задоволни

СИТЕ ЛИЦА НА ТЕМУ ВО МАКЕДОНИЈА: Нарачувате на свој ризик, нема закон што ќе ве спаси ако не сте задоволни

НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН: Дали треба да остане неработен?

НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН: Дали треба да остане неработен?

РОМАНИЈА И БУГАРИЈА ВО ШЕНГЕН ОД ЈАНУАРИ: Што точно значи ова за патниците?

РОМАНИЈА И БУГАРИЈА ВО ШЕНГЕН ОД ЈАНУАРИ: Што точно значи ова за патниците?

ЗА ОВАА РАБОТА СЕ ПЛАЌА 8 ИЛЈАДИ ЕВРА И СЕ РАБОТИ ОД ДОМА: Побарувачката за овие работници е огромна, еве за што станува збор

ЗА ОВАА РАБОТА СЕ ПЛАЌА 8 ИЛЈАДИ ЕВРА И СЕ РАБОТИ ОД ДОМА: Побарувачката за овие работници е огромна, еве за што станува збор

ВИЗЕР ЌЕ ОТВАРА СВОЈА БАЗА ВО РЕГИОНОТ: Еве која земја влезе во сериозни преговори

ВИЗЕР ЌЕ ОТВАРА СВОЈА БАЗА ВО РЕГИОНОТ: Еве која земја влезе во сериозни преговори