03 Мај, 2024
0.0282

МТСП: Се воведува втора смена во детските градинки

Објавено во: Македонија 18 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Се воведува двосменско работење во градинките. 

Согласно член 1 од Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа објавена во „Службен весник на РМ“, бр.86 од 10.07.2017 година, Mинистерството за труд и социјална политика испрати допис до јавните установи за деца/детските градинки, со кој се информираат за потребата од двосменско работење и тоа од 07:00 до  14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот од 08:00 до 16:00 часот, а одлуката ќе отпочне да се применува од 1 септември 2017 година.

„Јавните установи за деца кои во својот состав имаат повеќе објекти и групи во други просторни услови, двосменското работење и првата работна сабота во месецот може да го организираат во еден или повеќе објекти, согласно потребата на децата и родителите. За да се направат реални проценки, до градинките е доставен и анкетен лист за секој родител, со кој ќе се утврди потребата од воспоставување на двосменско работење и прва работна сабота во месецот. Досега шест градинки веќе ја потврдиле потребата од воведување втора смена и тоа е одобрено од страна на Министерството. Станува збор за 6 детски градинки и тоа во: Гевгелија, Кочани, Радовиш, Охрид, Тетово и Прилеп. Напоменуваме дека во изминатите децении, двосменски работеле само четири градинки на територијата на цела држава. По добивањето на резултатите од извршената анкета за потребата од воспоставување на двосменско работење ќе се утврди точниот број на установи кои ќе работат во две смени. Тоа секако ќе предизвика и потреба од вработување дополнителен кадар во овие установи за деца, кои и без оваа промена се недоволно екипирани“ - велат од МТСП. 

Министерството во соработка со локалните самоуправи во Република Македонија, работи во насока на подобрување на генералната состојба на опфатот на деца во градинки. Потребата од проширување на капацитетот на установите кои згрижуваат деца, како и потребата за отворање на нови градинки е повеќе од евидентна и треба заеднички да го решаваме ова прашање, за да се надминат  проблемите со кои се соочуваат голем број родители низ државата, и во урбани и во рурални средини. Од општините се побарани локации и објекти  за оваа намена, и од голем дел веќе се доставени предлози. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?