02 Мај, 2024
0.0262

МУ СЕ СУДИ НА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ КОЈ ГО НАВРЕДУВАШЕ ЗАЕВ: Не се кае - екс премиерот му рече да посети психијатар

Објавено во: Македонија 15 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Иван Јованоски локален модератор на партијата „Левица“ во Прилеп денеска присуствуваше на првото судско рочиште, како обвинет дека го нарушил јавниот ред и мир. Настанот за кој му се суди се случи на 11 октомври лани, а тој при прославата на 80-годишнината од почетокот на Народното востание, во криптата на Могилата на непобедените вербално, со зборови, навредливи според обвинението, се обрати до тогашниот премиер Зоран Заев. Обвинението е поднесено од прилепската полиција. денеска Јованоски пред судот изјави дека не се кае за искажаните зборови, но рече и дека не кажал точно како што пишувало во обвинението. 

„Јас сум обвинет од полициски службеник за нарушување на јавен ред и мир и за омаловажување на „некојси“ премиер и за „некоја“ фиктивна Република која практично не постои, неуставна, „некоја си“ Северна Македонија. Ова е за случката на Могилата на непобедените што се случи на 11 октомври 2021 година. За мене е спорно што моите зборови во изјавата се малку испревртени, и не се тие што ги кажав. Цитирам како службеникот од МВР ги има напишано: „Немаш лице да се појавиш овде, му се п….а на сите што се починати, треба да си славите уште еден празник, таму во Бугарија, не овде, ова не е веќе територија. Јас не реков „ова не е веќе територија“, туку реков „ова не е ваша територија“. Не се чувствувам виновен, стојам зад овие зборови. Истото ова лице, Зоран Заев, ги прави пријатели нашите тогашни непријатели, бугарските фашисти. Јас не се каам и стојам зад реченото. Значи, полициски службеник констатира прекршок. На наредното рочиште, од моја страна, е повикан Зоран Заев дали се чувствува омаловажен. Повикани се и полицискиот службеник и мои сведоци дека овие наведени зборови не се токму така кажани. Постојат видео-снимки. Мене не ми е јасно во кој дел има омаловажување. Го искористив прилепскиот жаргон, изјави Јованоски.

За овој вид прекршок, според Законот е предвидена парична глоба. Судскиот процес продолжува на 15 мај. Тој како сведок го повика и поранешниот премиер Заев.

Инаку по неговите дофрлувања, заев на поминување му се обрати и му рече да си посети психијатар.

Конверзацијата е по 4 минута


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање