Мухамед Зекири се сомнева дека Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2019
Пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ го повика спикерот, Талат Џафери да одговори на јавноста зошто ја прекина седницата и не дозволи гласање за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски.
Тој ги отфрли наводите на претседателот на Собранието, Талат Џафери дека кој било пратеник од нивната пратеничка група имал некаква улога во прекинувањето на седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски.
„Категорично ги отфрлам твредањата на претсдеателот на собранието, Талат Џафери, дека јас сум бил причината што тој не усепа до полноќ да ја заврши седницата со гласање по точката на дневнот ред. Воопшто немало ситуација што наликува на потреба од прекинување на седницата“, рече пратеникот.
Прашање е дали Талат Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ, односно Вељаноски да не се соочи со правдата, додаде Зекири.
Пратеникот Павле Богоески претходно за обвинувањата на Артан Груби од ДУИ дека тој се договорил со ВМРО-ДПМНЕ и точката ја ставил на гласање порано од договореното, рече дека тоа е обид на Груби да ја префрли одговорноста врз собраниската Комисија и врз него.