02 Мај, 2024
0.0279

МВР ја набљудувало Јанкулоска за да не избега

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Eкс министерката за внатрешни работи,  Гордана Јанкулоска во затворот Идризово била врз основа на наредба на судијата за извршување на санкции и врз основа на пресудата донесена од Врховниот суд. 

Ова денеска го појасни министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Вели дека во наредбата е наложено веднаш да се приведе лицето кое треба да издржува казна затвор и така е постапено.

„Од човечки аспект е оставен одреден простор, значи не е веднаш после врачувањето на актот, од некаде половина час за да се подготви и да се постапи по наредбата, така беше наредбата од судот и така се постапи“, изјави Спасовски на ТВ 24.

Спасовски кажа дека со оглед на тоа што домот на Јанкулоска се наоѓа веднаш до МВР имале поставено сили за набљудување.

„Се со цел да не дојдеме до една друга ситуација за да се напушти живеалиштето, односно територијата на градот Скопје, бидејќи по друг предмет има таква мерка на обезбедување“, додаде тој.

Јанкулоска вчера беше спроведена во казнено-поправната установа Идризово каде ќе ја издржува четиригодишна затворска казна за случајот „Тенк“. 

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање