МВР: Разговарано е со возачот, тој моментално се наоѓа во болница
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2019
Во моментов се утврдуваат причините за несреќата во Тетовско, каде се преврте автобус и загинаа 13 луѓе.
„Увидот е во тек, на лице место е излезен јавен обвинител. Тука беше и министерот Оливер Спасовски кој замина во болница заедно со министерот Филипче. Подетални информации ќе соопштиме кога ќе имаме. Разговарано е со возачот, тој моментално се наоѓа во болница“, рече Тони Ангеловски, портпарол на МВР.
Тој вели дека и натаму е рано да се утврди вистинската причина за несреќата.