fake panerai watches МВР за средношколецот кој беше пронајден мртов: Починал по пад од висина
02 Мај, 2024
0.0809

МВР за средношколецот кој беше пронајден мртов: Починал по пад од висина

Објавено во: Македонија 15 Март, 2023

Добивај вести на Viber

МВР објави службени детали за средношколецот Јован од скопската гимназија „Георги Димитров“ кој беше пронајден починат, а веста на социјалните мрежи првично ја објави професорката Виолета Ачковска. 

Според Ачкоска, тој бил отруен од дрога, додека мајката на Јован во меѓувреме се огласи и напиша на социјалните мрежи дека не се работи за самоубиство во никој случај. 

Според соопштението на полицијата, тинејџерот бил пронајден со повреди настанати од пад од висина.

- На 12.03.2023 во СВР Скопје е пријавено дека на плочник пред зграда на подрачјето на Центар е пронајден починат Ј.Т.(18). Извршен е увид од страна на полициски службеници и по насока на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција, при што е утврдено дека починал поради повреди настанати од пад од висина, информира МВР.

Ачкоска тврди дека гимназијалецот бил отруен со дрога во кафуле во земјава. Имено, како што пренесуваат повеќе медиуми, средношколец, матурант од скопската гимназија „Георги Димитров“ пред неколку дена починал, неофицијално како последица на дрога ставена во пијалок во кафуле. Неговите другари и соученици, вчера на градските гробиште во „Бутел“ го испратиле Јован во своето вечно почивалиште. 

Во еден од коментари се огласи и мајката на Јован која ја потврди смртта на младиот тинејџер, без дополнителни детали за причината.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови