10 Мај, 2024
0.0271

МЗ: Семејството на Филипче купило плац, но во 2015

Објавено во: Македонија 01 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство, во името на Венко Филипче, реагирајќи на обвинувањата на Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти дека недвижниот имот со кој располагаат неговите сватови е купен во 2015 кога тој се уште не бил министер за здравство. Од таму велат дека името на сопругата на Филипче воопшто не се вика Маја, како што ја ословуваше Стоилковски.

Ваквата реакија следи на обвинувањата на Столковски дека тој заедно со сопругата, нејзините родители и газдата на фирмата „Синерџи“ – Горан Филипов се сосопственици на 11 катастарски парцели во Нерези, со вкупна површина од 13.506 м2 и градат семејна куќа иако со деталниот урбанистички план тоа не е дозволено.

Филипче негира врски со фирмата „Синерџи“, за која ВМРО-ДПМНЕ тврди дека од една страна добива тендери од Министерството за здравство и од друга, е сосопственик на парцелите во Нерези.

„Компанијата која наводно се поврзува со министерот Филипче апсолутно не е на ниеден начин поврзана со него, ниту пак тој доделувал тендери за неа во висина од 7 милиони евра како што обвинува Стоилковски. Фирмата „Синерџи“ во Министерството за здравство има аплицирано на само една јавна набавка, која е во висина од 35 милиони денари (550 илјади евра), добиена во регуларна тендерска процедура. Најсмешно, сопругата на министерот воопшто не се вика Маја, како што наведува Стоилковски, со што уште еднаш се докажа какви неточни, несериозни и лажни информации пласира Стоилкоски за дневнополитички поени“,

Од таму велат дека оваа ажна вест Стоилковски сака да ја пласира во период кога Филипче, споед перцепцијата на граѓаните, заедно со министерството успешно се справува со последиците од корона вирусот.


Можеби ќе ве интересира

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска