29 Април, 2024
0.0259

На БИТ ФЕСТ промовиран играно-документираниот серијал „Градбите на Битола“

Објавено во: Мои пари 20 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Уште една вечер на БИТ ФЕСТ исполнета со многу историски и едукативни содржини од богатата ризница на културно – историското минато на прекрасната Битола. Ноќ исполнета со дружба со минатото, но многу повеќе со денешнината, но низ призмата на вековите.

Затоа што овој град не е е од вчера, ниту од ден пред тоа.

Бројките го плетеле секој изминат ден, за денеска исто или можеби слично како во минатото нашата Битола да биде привлечно место и за оние кои минувале, престојувале, а и за сите оние кои останале да живеат во неа.

„Градбите на Битола" е новиот играно – документарен серијал кој раскажува многу историски значајни приказни, започнувајќи од еден од старите и многу значајни архитектонски објекти на Битола и тој како и многу други споменици на културата, серијалот ја раскажува приказната за Саат кулата, за Хераклеја, за Џепането, за Црквата Свети Великомаченик Димитриј, за Исак џамија, за Католичката црква, за Широк сокак..

„Предизвикот е голем да се учествува во еден ваков проект. На почеток, кога го прочитав сценариото, да бидам искрен малку се застрамив од тоа – колку малку работи сум знаел за нашиот град. Верувам дека серијалот ќе предизвика голем интерес и ќе придонесе гледачите да научат многу работи за Битола", изјави Петар Спировски, актер и наратор на играно – документарниот серијал „Градбите на Битола" кој вчеравечер беше промовиран на БИТ ФЕСТ.

Кои се највпечатливите градби на Битола? Која историја ја кријат? Кои биле нивните градители? Некои познати и денес, некои и заборавени...Одговорот на овие прашања заинтересираните ќе имаат можност да го пронајдат и преку телевизиската промоција на серијалот во периодот кој следува.

Можеби ќе ве интересира

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа