На чија страна е топката за името според Катругалос?
Објавено во: Балкан 04 Април, 2018
Aлтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос во однос на перспективите за постигнување решение на прашањето за името e умерен оптимист.
Катругалос, во интервју за грчката ТВ Скај, изјави дека топката е на македонска страна, затоа што на Грција не ѝ се брза за решение, ниту има притисоци, ниту потреба од забрзување на процесот.
„Топката, во суштина е на теренот на другата страна. Ние, имаме национален интерес да се реши, но немаме некој особен притисок. Ние не сме нетрпеливи да се реши“ - вели Катругалос.
Според него, промената на Уставот е дел од решението, „не може да постои решение без тоа и тоа е прашање за кое другата страна има друг став“.