02 Мај, 2024
0.1575

НА НОВАТА БАРОКНА ЗГРАДА НА НБМ ЌЕ СЕ ЧЕКА УШТЕ ЕДНА ГОДИНА - ќе биде готова дури во март 2021

Објавено во: Македонија 03 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Вработените од Народна банка ќе се преселат во новиот барокен објект дури во март 2021 година. Ова следува по бројни доцнења и анекси за продолжување на предвидениот рок за завршување на објектот, што ги барал изведувачот.

За доцнењето и за причините пишуваат и ревизорите од Државниот завод за ревизија, од каде што констатирале дека Народна банка, сепак, морала да ги прифати одложувањата и анексите.

Договорот за изведување градежни работи за изградба на нов деловен објект Народната банка го склучила уште во октомври 2016 година. Договорот бил во вредност од 1,47 милијарди денари, или 24 милиони евра. Тогаш било договорено рокот за завршување на објектот да биде 27 месеци од денот на воведувањето во работа, а тоа се случило на средината на декември 2016 година.

„Исто така, договорено е, доколку се утврди постоење на оправдани причини, поради кои работите се пролонгираат по барање на изведувачот, Народна банка треба да ја оцени оправданоста, и под услов да се извршени 80 отсто од предвидените работи на објектот, може да одлучи да го продолжи рокот најмногу до шест месеци, согласно членот во кој е наведено дека ‚кога една од договорните страни не ќе ја исполни својата обврска во предвидениот рок, другата договорна страна мора да му остави примерен дополнителен рок за исполнување на обврската'“, констатирале ревизорите во својот извештај.

Натаму тие, во својата хронологија на настаните, наведуваат дека поради непредвидени работи кои се однесувале на отстранување и дислокација на подземни инсталации кои се појавиле при почетокот на изградбата, изведувачот побарал продолжување на рокот. Согласно член од Договорот Народна банка го одобрила тоа барање, и во август 2018 година бил склучен анекс кон основниот договор, со кој рокот за изведување на работите бил продолжен за 135 дена, така што, објектот требало да биде завршен во август 2019 година.

Но, уште во јуни таа година, изведувачот доставил барање до Народна банка рокот да се продолжи за уште нови 18 месеци.

„Пред да се донесе одлука дали ќе се прифати или одбие барањето, Банката обезбедила повеќе стручни мислења од областа, со цел да се направи анализа на досега извршените работи и на оние кои остануваат за изведба, како и проценка дали изведувачот е способен да ги заврши работите во предложениот рок за продолжување“, напишале ревизорите.

Стручните лица, врз основа на она што дотогаш било направено и што требало да се направи, констатирале дека објектот се наоѓа во поодмината фаза на изградба. Според нив, оперативно реализацијата на градбата е поголема од финансиската реализацијата на договорот, од причина што градежните работи кои дотогаш биле изведени не зафаќале поголем дел од вкупната вредност на објектот, но за нивна изведба бил потребен поголем временски период.

Ревизорите констатирале дека овој последен рок бил остварлив, а требало да се имаат предвид и негативните ефекти од раскинување на договорот.

„По извршената анализа на изведените работи и работите кои што остануваат да се изведат, стручните лица сметаат дека бараниот рок за продолжување на договорот за 18 месеци, е реален и остварлив. Имајќи ги предвид негативните ефекти од раскинување на договорот, а врз основа на обезбедените мислења од стручните лица, согласно член од Договорот, склучен е анекс, согласно кој крајниот рок за завршување на работите е март 2021 година“, се вели во ревизорскиот извештај.

НАРОДНИТЕ БАНКАРИ НЕ ЗНААТ КОГА ЌЕ СЕ ВСЕЛАТ ВО НОВАТА ЗГРАДА

Од забелешките кои ги дала НБМ, може да се види дека тие биле прифатени и вградени во ревизорскиот извештај.

Фактор ја праша Народната банка кога ќе се вселат во новиот објект. Од таму велат дека не можат прецизно да кажат кога тој ќе биде пуштен во употреба. 

Во моментов се изведуваат позиции од повеќе надворешни и внатрешни фази (градежно-ѕидарски работи, електрика, машинство, водовод и канализација, фасада и др). Надзорниот орган континуирано ја следи динамиката на изведување на работите од изведувачот. Во овој момент сѐ уште не може прецизно да се предвиди точниот датум на кој објектот ќе биде пуштен во употреба, имајќи ја предвид комплексноста на процесот на градење објект за централна банка, како и на негово опремување“, изјавија од НБМ за Фактор.

А, според одговорот оттаму, сигурно е дека зградата ќе има барокен изглед.

„Изгледот на фасадата на новиот објект на Народната банка е утврден со проектот одобрен од надлежните институции, односно проектот за кој во 2015 година е добиено одобрението за градење“, објаснуваат од централната банка. 

Инаку, новата зграда на Народна банка се наоѓа на улицата Филип Втори, веднаш до зградата на Министерството за надворешни работи. Зградата ќе има осум ката. На врвот ќе има купола, а на влезот антички столбови. За изведување на градежните работи е задолжена компанијата „Бетон“.

СУДСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ НБМ ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА

А во ревизорскиот извештај кој се однесува на централната банка, како работа која создава неизвесност за банката, е спомената судска постапка во која од банката се бара отштета од дури два милиони евра, бидејќи таа е тужена страна, а судската постапка сеуште не е завршена. Станува збор за постапка за добавувач преку кој се воведувал интегриран сметководствен систем на банката. Откако од НБМ констатирале дека добавувачот не завршил голем дел од работите, го раскинале со него договорот и ја активирале и наплатиле безусловната банкарска гаранција, во висина од околу 242 илјади евра, како и банкарска гаранција за навремено и квалитено извршување на договорот, од 181 илјади евра.

„Во јули 2017 година од страна на економскиот оператор доставена е тужба до Основниот суд Скпје 2 во врска со раскинувањето на договорот. Тужителот со тужбата бара и исплата на надомест на штета во износ од 123.666 илјади денари (2 милиони евра - н.з.) по повеќе основи. До денот на ревизијата одржани се повеќе рочишта, но судската постапка се уште не е завршена“, се вели во ревизорскиот извештај.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?